Брод (архитектура)![]() ![]() Брод или кораб – централниот дел на црква, кој се простира од главниот влез до трансептот, или до презвитериумот, кај цркви без трансепт.[1][2] Кај повеќекорабните цркви се разликуваат главен, бочен и попречен брод.[1] Во поширока смисла, бродот ги опфаќа сите простори за учесниците лаици, вклучувајќи ги бочните бродови и трансептите.[3] ОписКоработ се простира од влезот, кој може да има посебен дел — припрата (нартекс), до презвитериумот. Кај повеќекорабни цркви се разликуваат главен кораб, бочни кораби и попречни кораби [4]. Коработ, односно главниот кораб кај повеќекорабните цркви, обезбедува централен пристап до олтарот. Потекло на поимотПоимите брод и кораб се превод од латинскиот збор navis, ран симбол на христијанската црква, а можно е да е поврзан со "бродот на Св. Петар" или Ноевата арка.[1][3][5] Поимот може исто така да доаѓа од обликот на сводната архитектура на црквата.[6] На многу јазици истиот збор се користи за пловило и за архитектонски елемент. Историја![]() Првите цркви биле градени од градители на кои им бил близок обликот на романската базилика, јавна градба за деловни трансакции. Таа имала централен дел, со бочни делови одделени со столбови и со прозорци близу до таванот. Базиликата „Св. Петар“ во Рим е ранохристијанска црква која имала ваков облик. Била изградена во 4 век по нарачка на римскиот цар Константин I, а била обновена во 16 век.[1][3] Коработ, главниот дел од градбата, е дел за лаиците, додека презвитериумот е резервиран за свештенството. Во средновековните цркви, бродот бил одвоен од презвитериумот со хорна (презвитериумска) преграда. Истите биле украсени и се карактеристични за католичките цркви од 14 до 16 век.[1][3][7] Средновековните бродови биле поделени во ниши, па повторувањето на формите дава ефект на голема должина. Исто така бил нагласен и вертикалниот елемент на бродот. За време на ренесансата, наместо драматични ефекти се применувале побалансирани пропорции.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia