Бротероде
Бротероде (германски: Brotterode) е град и поранешна општина, сместен на Ренштајг во Тириншката Шума, во округот Шмалкалден-Мајнинген, во Тирингија, средна Германија. Од 1 декември 2011 е дел од градот Бротероде-Трузетал. Се наоѓа 11 километри северно од Шмалкалден и 19 километри југоисточно од Ајзенах. Историја![]() Бротероде бил првпат споменат во 1039 под името „Брунувардесрот“ (Brunuwardesrot). Во средниот век (околу 1360) бил резиденција на фогт. Во 1583 станал посед на Хесен. Пред Втората светска војна бил дел од пруската покраина Хесен-Насау. Во 1895, „Големиот пожар на Бротероде“ скоро целосно го уништило селото. 729 од 842 градби биле запалени, но селото постепено било повторно изградено во следните години. Во 1936 Бротероде ги добил градските права. Денес, Бротероде е познат по туризмот, зимските спортови и планинарењето. Главни знаменитостиДо градот се наоѓа Гросер Инзелберг (Großer Inselsberg), кој со 916,5 метри е една од највисоките планини во Тириншката Шума. По него е именувана и скокалницата Инзелбергшанце (Inselbergschanze) со моментален рекорд од 123,5 метри. Меѓународни односиБротероде е збратимен со: Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia