Бјеловарска катедрала
Катедрала „Св. Тереза Авилска“ во Бјеловар — барокна црква на Бјеловарско-крижевачката бискупија.[1] Се наоѓа во средиштето на Бјеловар на плоштадот Еуген Кватерник. Таа станала катедрала во 2009 година, дотогаш била парохиска црква. ![]() ИсторијаНа покана на воената управа во Бјеловар во 1761 година дошле браќата Хуберт и Игнације Дивиш, Чеси по националност, членови на пиаристичкиот црковен ред, кои одгледувале деца и млади. Нашле мала капела во Бјеловар, па решиле да изградат црква.[2] Темелот бил поставен на 10 април 1765 година, а камен-темелникот на 2 мај истата година. Црквата била изградена во 1770 година и благословена на15 октомври 1772 година на празникот Св. Тереза Авилска.[3] Во 1774 на кулата бил поставен часовник. Загрепскиот бискуп Јосип Гаљуф ја осветил црквата на 15 октомври 1775 година.[4] Црквата собирала околу илјада луѓе.[5] Под црквата има подземни ходници за погребување, но многу малку луѓе биле закопани во нив. Камбанаријата на катедралата е висока 52 метри.[6] Црквата е посветена на Св. Тереза Авилска, шпанска светица и црковна учителка. Таа била светица-заштитничка на австриската царица Марија Терезија, која го основала Бјеловар во 1756 година. Земјотресот од 1880 година ја оштетил црквата и ректоратот. Црквата била обновена од архитектот Херман Боле во 1888 година, а во 1896 година црквата е темелно внатрешно обновена.[7] Црквата Св. Тереза Авилска била парохиска црква за целиот град Бјеловар и околината до 1980 година кога биле основани новите парохии Св. Антониј Падовански и Св. Ана. Една граната ја погодила црквата и убила три жени на 29 септември 1991 година, за време на вооружениот судир во Бјеловар меѓу хрватската армија и ЈНА. На предната страна на парохискиот уред била поставена спомен-плоча на починатите жени.[8] На 5 декември 2009 година папата Бенедикт XVI ја основал Бјеловарско-крижевачката бискупија со првиот бискуп Вјекослав Хузјак, па црквата станала катедрала Св. Тереза Авилска. По три години обнова и надградба, во август 2023 година во катедралата биле донесени оргули обновени во Австрија.[9] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia