ВМРО-СДРМА
ВМРО — СДРМА — македонска конспиративна антикомунистичка младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстевски, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во независна македонска држава со поддршка од САД и од другите западни сили[1]. Тоа било вградено во името на Организацијата - Самостојна Демократска Република Македонија под покровителство на Америка (СДРМА). Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии. До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско[2]. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекината[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia