Вадитапа![]() Вадитапа - алатка за вадење плутени тапи од шишиња, најчесто вински. Обичната вадитапа се состои од метална спирала која е прицврстена на дршка. Дршката се притиска и се врти сè додека спиралата не влезе доволно длабоко во тапата, после што се повлекува вертикално нагоре за да се извади тапата од шишето. Дршката најчесто е направена од дрво, а може да има и дополнителни лостови со кои се засилува снагата која се применува на тапата. Видови вадитапиКрилеста вадитапа![]() Крилестата вадитапа има два лоста на спротивните страни на спиралата. Овие лостови потсетуваат на крила, по што го добила и името.[1]. Кога спиралата ќе навлезе доволно длабоко во тапата, потребно е само да се повлечат лостовите надолу за да се извади тапата од шишето. Овој вид на вадитапа е измислен во 1939 година. Келнерска вадитапа![]() Келнерската вадитапа може да се склопи како џебно ноже, а името го добила заради популарноста кај персоналот во рестораните и баровите. На едната страна на нејзината дршка се наоѓа потпирач кој се поставува на грлото на шишето. Келнерската вадитапа вообичаено има и ноже со кое се отстранува фолијата или капчето која ја покрива тапата на винското шише.[2] Оваа вадитапа ја измислил Германецот Карл Винке во 1882 година.[3] Вадитапа со шилци![]() Овој вид вадитапа нема спирала, туку два паралелни шилци. Шилците се ставаат меѓу тапата и грлото на шишето, со што се овозможува тапата да се извади неоштетена.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia