Вале
Кантон Вале или Валис (скратеница VS; француски: République et Canton du Valais, германски: Kanton Wallis) – кантон на југозапад на Швајцарија. Главен град е Сион. Природни одликиКантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со Италија и Франција. Највисок врв е Поант Дифур со 4.634 метри, а кантонот има 50 врвови повисоки од 4.000 метри. Површината на кантонот е 5.224,5 км2, што е 10% од површината на Швајцарија. Тука се наоѓа знаменитиот ледник Алеч, превојот Симплон и врвот Матерхорн. Познати се зимските центри Кранс-Монтана и Цермат. Историја![]() Овој кантон-република ѝ се придружил на Швајцарската Конфедерација во 1815 година, после Виенскиот конгрес, иако со неа бил во посебни врски од 1529 година. Окрузи
Население и населбиКантонот Вале во 2008 година имал 303.241 жител. Кантонот е двојазичен. Се зборува француски (72,8%) и германски јазик (27,1%), или попрецизно дијалекти од овие јазици. Преку 90% од жителите се католици. Најголеми градови се:
СтопанствоГлавни стопански грански се винарството, туризмот и производство на електрична енергија во хидроелектрани. Вале е еден од најсиромашните швајцарски кантони. Галерија слика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia