Валериј Герасимов
Валериј Василјевич Герасимов (руски: Вале́рий Васи́льевич Гера́симов; р. 8 септември 1955) — руски генерал и тековен Началник на генералштабот на Вооружените сили на Русија и Прв заменик-министер за одбрана, назначен од претседателот Владимир Путин на 9 ноември 2012 г.[2][3][4] Во 2013 г. се стекнал со највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата, а во 2016 г. е прогласен за Херој на Руската Федерација. Според некои западни стручњаци, тој е авторот на таканаречената „Герасимова доктрина“ која е тековна во Русија, која претставува спој од разни приоди: воен, технолошки, информациски, дипломатски, економски, културен под контрола на руската држава за да се постигнат стратешки цели при споредбено ниски трошоци.[5] ОбразованиеГерасимов е роден во Казањ, Татарстан. Го завршил Казањското суворовско воено улилиште (1971-1973), а потоа и Казањското вишо тенковско командно училиште наречено во чест на Президиумот на Татарската АССР (1973-1977). Потоа стапил во Воената академија за оклопни војски „Р.Ј. Малиновски“ (1984-1987), па на крај станал питомец на Воената академија на Генералштабот на РФ (1995-1997).[4] Чинови и должностиПо завршувањето на Казањското вишо тенковско командно училиште, Герасимов заповедал со вод, чета и баталјон во Далекуисточниот воен округ. Подоцна е назначен за началник на штабот на тенковски полк, а потоа и на моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ.[4] Од 1993 до 1995 г. заповедал со 144-тата гвардејска моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ, а потоа со Северозападната група на вооружените сили.[4][6] По завршувањето на генералштапската академија станал прв заменик на Главниот командант на Московскиот воен округ и заповедник на 58-мата армија во Севернокавкаскиот воен округ за време на Втората чеченска војна.[4] Неговото залагање за апсењето на офицерот Јуриј Буданов било пофалено од критичната новинарка Ана Политковскаја.[3][4] Во 2006 г. Герасимов станал заповедник на Ленинградскиот воен округ, а во 2009 г. е префрлен да заповеда со Московскиот воен округ. Со военотериторијалната реформа, во април 2012 г. застанал на чело на Централниот воен округ. На 23 декември 2010 г. станал Заменик-началник на Генералштабот.[4] ![]() Ја предводел Парадата на победата на четири наврати, од 2009 до 2012 г.[3] Началништво на генералштаботГерасимов станал Началник на Генералштабот со смената на Анатолиј Сердјуков од функцијата Министер за одбрана и назначувањето на Сергеј Шојгу на 6 ноември 2012 г.[7], како замена за дотогашниот началник Ген. Николај Макаров поради неговата блискост со Сердјуков. На истиот наврат е сменет и Александар Сухоруков од функцијата Прв заменик-министер за одбрана и на негово место е поставен генералот-полковник Аркадиј Бахин, поранешен заповедник на Западениот воен округ, а за друг помошник е назначен и заповедникот на Воздушно-вселенската одбранбена, генерал-полковник Олег Остапенко. Во 2013 г. Герасимов го добил највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата.[2][7][8][9][10] На 15 септември 2016 г. приредил средби со неговиот турски колега, Ген. Јулуси Акар во главниот штаб во Анкара, што се смета за ново поглавје на руско-турската воена соработка. Санкционирање од ЕУВо април 2014 г. Герасимов станал жртва на политичка агресија од страна на Европската Унија кога е ставен на списокот на санкционирани лица поради наводните „дејства за поткопување или загрозување на територијалнаиот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.[11] Одликувања
Личен животГерасимов е оженет и има еден син.[12] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia