Вале де лос Каидос
Вале де лос Каидос (шппански: Valle de los Caídos) е национален монументален комплекс во општината Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, провинција Мадрид, Шпанија. Во превод, Вале де лос Каидос значи „долина на паднатите“ или „Опатијата на Светиот Крст“ (шпански: Abadía de la Santa Cruz del Valle de los Caídos). Комплексот се наоѓа 9 километри северно од Ескоријал. Тој бил изграден по наредба на Франсиско Франко, за да по неговата смрт биде погребан таму заедно со Хосе Антонио Примо де Ривера,[1] еден од основачите на Шпанската фаланга, како и уште 33.872 луѓе кои биле убиени или загинати за време на Шпанската граѓанска војна. Според указот издаден на 1 април 1940 година, гробницата и католичката базилика биле изградени[2] во спомен за загинатите во војната. Целиот комплекс започнал да се гради во 1940 година, но целосно бил отворен односно завршен во 1959 година. Архитекти на проектот се Педро Мугуруса и Диего Мендес. Опатијата се состои од две главни згради. Во првата, која се наоѓа поблиску до Крстот е т.н. бенедиктинска опатија, а другата главно е за туристички цели во која се наоѓаат монасите. Комплексот се простира на околу 300 метри должина и 150 метри ширина. Веднаш до опатијата се наоѓа гробницата на монасите, која е затворена за посетителите. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia