Валонски Залив
Валонски Залив (албански: Gjiri i Vlorës — залив во Јадранското Море југпозападна Албанија. Отворен е кон морето на северозапад, а претежно ограден со лагуната Нарта на север; на североисток е градот Валона, а на исток и југоисток се планините на венецот Канали, додека на југозапад и запад се полуостровот Карабурун и островот Сажен. Заливот е прогласен за подрачје од важност за птичјиот и растителниот свет поради исклучителните услови и големата разновидност на птици и растенија.[1][2] Морскиот парк Карабурун-Зажен, каде се среќаваат Јадранското и Јонското Море, го зафаќа западниот брег на заливот и има мошне ридест и нерамен терен.[3] ИсторијаЗаливот бил важно место во антиката, и во него се одиграле некои од битките на Јулиј Цезар. Според едно предание, во Балонскиот Залив се потонати 18 брода со трговски стоки. Во последно време морепловниот факултет на Валонскиот универзитет се претежно се занимава со изучување на заливот.[4] На југозападниот крај на заливот е морнаричката база „Пашалиман“, каде имало пристаниште уште во стариот век, а градот се нарекувал Орик. Во Студената војна извесно време служело како советска база — единствената во Средоземното Море.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia