Валонци
Валонци (француски: Wallons, МФА: [walɔ̃]; валонски: Walons) — луѓе кои зборуваат француски и живеат во Белгија, особено во Валонија. Валонците претставуваат карактеристична заедница во рамките на Белгија.[1] Значајни историски и антрополошки критериуми (религија, јазик, традиции, фолклор) ги поврзуваат Валонците со Французите.[2][3] Општо кажано, терминот се однесува и на жителите на Валонија. Тие зборуваат јазици од регионот како што се валонскиот јазик (со пикардскиот јазик на запад и лоренскиот јазик на југ). Потекло на поимотТерминот „Валонец“ е изведен од *walha, прагермански поим кој се однесува на говорителите на келтските и латинскиот јазик.[4] Терминот „Валонец“ потекнува од романските јазици заедно со други сродни термини што тој ги истиснал. Неговата најстара писмена трага е пронајдена во книгата „Mémoires de Jean, sire de Haynin et de Louvignies“ на Жан де Ина во 1465 г., каде се однесува на римското население од Бургундските Ниски Земји. Сепак, неговото значење повторно беше ограничено за време на француските и холандските периоди, а за време на Белгиската независност, со терминот се именуваа само Белгијците кои зборуваа романски јазик (француски, валонски, пикардски, итн.) Лингвистичкото разидување во политиката на Белгија му додава политичка содржина на «емоционалниот, културниот, и лингвистичкиот концепт».[5] Исто така, „Валонец“ ги именува жителите на Валонија — еднојазична територија на која се зборува француски јазик— наспроти „Фламанците“. Зборовите „Валонец“ и „Валонци“ можат да се забележат во книгата на Чарлс Вајт, „Белгиската револуција“ (1835 г.) „...Неуморните Валонци, со онаа смелост за авантури што е нивна историска одлика, ги напуштија своите занимања, и зграпчувајќи ги копјето и мускетата со нетрпение, маршираа кон центарот на бркотниците...“.[6][7][8] Шпанските термини Валонец и Валонија од 17 век се однесуваа на Кралската гарда регрутирана во шпанска Фландрија. Тие беа вклучени во многу од најзначајните битки на Шпанската империја. Исто така, францускиот збор „Валонци“ се користи во Британска енциклопедија во англискиот јазик.[9] Алберт Хенри напиша дека иако зборот „Валонец“ во 1988 г. предизвикал уставна реалност, тој првично се однесуваше на Римското население од Бургундските Ниски Земји, а исто така, од 16 век до Белгиската револуција, се користеше за означување на територија со термините „валонски провинции“ или валонска земја (Pays wallon), а потоа и со терминот Валонија.[10] Терминот „валонска земја“ се користеше и во холандскиот јазик. Walsch land.[11][12] Терминот постоеше и во германскиот јазик, како што е можеби „Wulland“ во книгата на Ханс Хејст (1571 г.) каде Wulland во англискиот јазик е преведено како Валонија (1814 г.)[13] Меѓутоа, на германски јазик воглавно е „Wallonenland“ : Le païs de Valons, Belgolalia, Wallonenland, in "Le Grand Dictionnaire Royal" Augsbourg, 1767;[14][15] Името на осветувањето на црквите е запишено во Туренските „assemblées“, во Бретанските „pardons“, понекогаш во фестивалите „kermesses“ во Северните департманти, а понекогаш како што е во Валонската земја, во фестивалите „ducasses“ (зборчето доаѓа од dedicatio) [16] Во англискиот јазик станува збор за Walloon country (види понатаму Џејмс Шо[17]). Во францускиот јазик (и Франција (Wand)), е le Pays wallon: Валонската земја го вклучуваше најголемиот дел од денешна Белгија, Источна Фландрија, the Западна Фландрија и двете именувани како Валонска Фландрија, Провинцијата Намир, Ено, Лимбург, Лиеж па дури и Луксембург[18][19] За Феликс Русо, валонската земја, според книгата le Roman pays е старото име на земјата на Валонците[20] а, прекарот Romande често се користел за да се опишат Валонците сè до крајот на 19 век. Институционални аспекти
Концептуални и емоционални аспектиВалонијаОбемот на Валонија, дефинираната областа според употребата на јазикот, се менувала низ вековите. Ниското земјиште на Фландрија и ридестиот регион на Ардените биле под контрола на бројни град-држави и надворешни сили. Таквото менување на власта донело до варирање на границите, културата, и јазикот. Валонскиот јазик, кој сè до Втората светска војна беше распространет во својата употреба, изумира во својата општа употреба поради растечкиот интернационализам. Иако официјалните образовни системи не го сметаат како јазик, француската влада продолжува да ја поддржува употребата на францускиот јазик во рамките на „франкофонскиот“ комонвелт. Федералната структура на Белгија ги комплицира овие работи. Таа ја дели Белгија на три јазични групи така што тие имаат предност да ги користат своите јазици во службената преписка, но и на три автономни региони. Во јазичните групи спаѓаат: Француската заедница (иако не е Валонска обично се именува како Валонија-Брисел, особено погледнете го државниот план од 1 јануари 2009 г.)[21] Фламанската заедница (таа го употребува холандскиот јазик), и Германската заедница. Поделбата на политички региони не соодветствува со поделбата на јазичните групи - "Vlaanderen" (Фландрија), "la région wallonne" (Валонскиот регион, вклучувајќи ја Германската заедница, но општо нарекувана Валонија), и двојазичниот (француско-холандскиот) Бриселски регион, што е и федералниот главен град на Белгија. Иако го носи името Брисел, а не Валонија, таму најчесто се зборува француски јазикМногумина аналитичари кои не зборуваат француски, прекумерено ги генерализираат Валонците како погоден термин за сите белгиски говорители на францускиот јазик (дури и оние кои се родени и живеат во Бриселскиот регион). Мешењето на населението низ вековите значи дека повеќето семејства можат да ги пронајдат своите предци и на двете страни од лингвистичкиот јаз. Но, фактот дека околу 85% од населението во Бриселскиот регион зборува француски јазик, а регионот се наоѓа во Фландрија каде се зборува холандски јазик, доведува до недоразбирање помеѓу регионите и заедниците. Локалниот дијалект во Брисел, Brussels Vloms, е барбантски дијалект, кој го отсликува холандското наследство на градот. Историски гледано, зачетокот на индустриската револуција во континентална Европа во раните години на 19 век е заслуга на Валонците.[22] Во современата историја, Брисел е најголемиот град или главниот град на регионот. Поради долгото шпанско и пократкото француско владеење, францускиот јазик станал единствениот службен јазик. Додека регионот бил дел од Обединетото Кралство Холандија, холандскиот јазик кратко време се задржал како службен јазик, а потоа, откако луѓето се стекнале со независност во 1830 г., тие повторно го воспоставиле францускиот јазик. Валонскиот регион, кој претставува голема производствена површина на јаглен и челик, брзо се разви и се претвори во економска сила на земјата. Валонците (всушност елитите кои зборуваат француски, а беа нарекувани Валонци) станаа доминантни во политиката. Бројни фламански имигранти дојдоа да работат во Валонија. Во периодот помеѓу 1930 и 1970 г., постепеното намалување на челикот, а особено на јагленот, кое се поврзуваше со премногу малото инвестирање во услужните индустрии и лесната индустрија (која преовладуваше во Фландрија), ја сврте ситуацијата во другиот правец. Фландрија постепено стана политички и економски доминантна. Од своја страна пак, валонски семејства се преселија во Фландрија за да барат работа. Оваа еволуција не помина без политичките последици. Валонски идентитетСрцето на валонската култура се долините Меза и Самбра, Шарлероа, Динан, Намир (главниот град на регионот), Иуи, Вервје, и Лиеж. Регионална јазична статистикаВалонскиот јазик е елемент на валонскиот идентитет. Меѓутоа, сето население во Валонија кое зборува француски јазик, во рамките на културата не може да се смета за валонско бидејќи значителен дел на запад (околу Турне и Монс) и помали делови на крајот од југот (околу Арлон) други јазици се поставени како мајчини јазици (имено, пикардскиот јазик, шампањскиот јазик, луксембургшкиот јазик, и лоренскиот јазик). Сите тие зборуваат и француски јазик, па подобро и од другите. Анкетата на Centre liégeois d'étude de l'opinion[23] во 1989 г. истакна дека 71.8% од младите луѓе во Валонија разбираат и зборуваат само малку или воопшто не валонски јазик, 17.4% добро го владеат, а само 10.4% го зборуваат исклучително добро.[24] Врз основа на други анкети и цифри, Лорен Хендшел во 1999 г. напишал дека во Валонија помеѓу 30 и 40% од луѓето биле двојазичари (валонски јазик, пикардски јазик), а од нив 10% го сочинувале помладото население (на возраст од 18–30 г.). Според Хендшел, постои бројка од 36 до 58% на млади луѓе кои имаат пасивно познавање од регионските јазици.[25] Од друга страна, од историска гледна точка во општината Живе, неколку села во департманот на Ардените во Франција, кој го издава весникот Causon wallon (Ајде да зборуваме на валонски јазик);[26], и две села во Луксембург, се зборува валонскиот јазик. Валонците во средниот векОд 11 век, големите градови покрај реките Меза, Динан, Иуи, и Лиеж, тргувале со Германија, каде во некои градови се наоѓале Wallengassen (соседите на Валонија).[27] Во Келн, Валонците биле најзначајна странска заедница, како што може да се види на три патишта во градот кои се обележани со името Walloonstreet.[28] Валонците правеле размена на производи за материјали што тие ги немале, како што е бакарот кој може да се најде во Германија, а особено во Гослар. Во 13 век, во средновековната германска колонизација на Трансилванија (централана и северозападна Романија) се наоѓале и бројни Валонци. Имиња на места како што е Wallendorf (валонско село) и имиња на фамилии како што е Valendorfean (валонски селанец) може да се најдат кај некои од романските граѓани на Трансилванија.[29] Валонците во периодот на ренесансатаВо 1572 г. Жан Бодин измисли интересна игра на зборови која до денешни времиња е добро позната во Валонија:
Превод: "Белгијците "не нарекуваат Валонци бидејќи кога старите народи од Галија патувале по должината и широчината на земјата, се прашале себеси: 'Où allons-nous?' [Каде одиме? : изговорот на овие француски зборови е исто како и францускиот збор Валонци (плус 'us')], т.е. 'Со која цел одиме?.' Веројатно е дека тие од нив го презеле името Ouallons (Валонци), што во латинскиот јазик не може да се изговори без притоа да се смени зборот со употреба на букавата „G“." Еден од најдобрите преводи на неговите (хумористични) изреки што секојдневно се користат во Валонија.[31] е "Чудни се времињава во кои живееме." Шекспир го употребил зборот Валонец: "A base Walloon, to win the Dauphin's grace/Thrust Talbot with a spear in the back." Забелешка во Хенри VI, Чин I вели, "Во ова време, Валонците [беа] жители на областа, која денес е во јужна Белгија, и сѐ уште е позната како 'Pays wallon'."[32] Цитирајќи го Морис Пирон, Алберт Хенри се согласува:[33]) ова е цитирано и од A.J. Hoenselaars[34] "Валонски со значење на Валонска земја во Шекспировото дело 'Хенри VI'..."[35] Валонците во ШведскаОд 1620-те години, бројни валонски рудари и железари, со своите семејства, се населиле во Шведска за да работат во рудниците со железо и преработка.[36] За производство на железо беа вклучени валонски методи во практиката на Швеѓаните за да се надополнат постоечките германски техники. Многу од валонските работници се населиле околу рудникот во Данемора каде се произведувало железна руда која во тоа време претставувала 15 % од шведското производство на железо.[37] Работниците првично биле предводени од претприемачот Луј де Гер, кој им заповедал да работат во рудниците за железо на Упланд and Естерјетланд. Миграцискиот бран значително продолжил во 18 век. Валонците постепено биле интегрирани во шведското општество, но дури во последната четвртина од 20 век кога шведското законодавство им дозволи на католиците да станат државни службеници, тие целосно биле интергирани. Преку валонските презимиња може да се следи валонското потекло. Некои луѓе со валонско потекло припаѓаат на Sällskapet Vallonättlingar (Друштвото на валонски потомци).[38] Валонците и просветителствотоВо историјата на Холандија од 1786 г. забележано е дека , " Валонската земја ја сочинувале [The] Ено и Намир, со Артоа, која повеќе не била австриска провинција. Валонското име и јазик досегнуваат и во пограничните области на соседните провинции. Голем дел од Барбант, провинција која се граничи со Ено и Намир, се нарекува Валонски Барбант. Исто така, изгледа дека во некои прилики афинитетот на јазикот предизвикува поблиски односи."[39] Белгиската револуцијаОд неодамна, Белгиската револуција најпрво беше опишана како конфликт помеѓу општините на Брисел, а потоа беше проширена во преостанатиот дел од земјата, "особено во валонските провинции".[40] Речиси истото гледиште е напишано во книгата на Едмундсон:
Жак Ложи напиша: "На 6 октомври, цела Валонија беше под управа на привремената влада. Во фламанскиот дел од земјата, падот на Кралската влада беше толку целосен и брз како и во Валонија , освен во Гент и Антверпен."[42] Робер Демолин кој беше професор на Универзитетот во Лиеж напиша: "Лиеж, заедно со Брисел, се наоѓа во првите редови во Битката за слобода",[43] но повеќе дејствува од Брисел. Истата работа ја напиша за Левен. Според Демолин, овие три града се општинските републики на чело на Белгиската револуција. Во ова шесто поглавје од неговата книга, Le soulèvement national (pp. 93–117), пред да напише дека "На 6 октомври, цела Валонија е слободна",[44] тој ги цитира следниве општини од кои доброволци оделе во Брисел, "центарот на нередот", со цел да учествуваат во битката против холандските трупи: Турне, Намир, Вавре (p. 105) Брен л’Але, Женап, Жодуањи, Первес, Ребек, Гре-Дуасо, Лимелет, Нивел (p. 106), Шарлероа (и неговиот регион), Госелје, Лоделинсарт (p. 107), Суањи, Лоз, Туан, Жмап (p. 108), Дур, Сан-Гислен, Патураж (p. 109) и на крај заклучува: "Па, од малите валонски гратчиња и села, луѓето дојдоа во главниот град .."[45] Холандски тврдини беа ослободени во Ат ( 27 септември), Монс (29 септември), Турне (2 октомври), Намир (4 октомври) (со помошта на луѓето од Анден, Фос, Жемблукс), Шарлероа (5 октомври) (со илјадници луѓе).Истиот ден во Филипевил, Мариембург, Динан, Буилјон се случи истата работа.[46] Во Фландрија, холандските трупи капитулираа истовремено во Брухе, Ипр, Остенде, Менен, Ауденарде, Герардсберген (pp. 113–114), но не и во Гент ниту пак во Антверпен (ослободени на 17 и 27 октомври). Во секој случај, наспроти овие толкувања, за невољите во Брисел, Џон В. Руни Џуниор напиша:
Во белгиската државаНеколку години по Белгиската револуција во 1830 г., историчарот Луј Девес истакна дека "Белгија ја делат два народа, Валонци и Фламанци. Првите зборуваат француски јазик, вторите зборуваат фламански јазик. Границата е јасна (...) Провинциите кои и сѐ вратени на Валонија т.е. валонски се Провинцијата на Лиеж, Барбантска Валонија, Провинцијата на Намир, Провинцијата на Ено [...] А другите провинции помеѓу линијата [...] се фламански. Ова не е произволна поделба или замислена комбинација за да поддржи нечие мислење или да создаде систем - ова е факт..."[48] Жулс Мичелет патувал во Валонија во 1840 г. и честопати во неговата книга Историја на Франција можеме да прочитаме за неговиот интерес за Валонија и Валонците стр. 35,120,139,172, 287, 297,300, 347,401, 439, 455, 468 (оваа страница е за Валонската култура, 476 (издание од 1851 г. е објавена на семрежјето)[49] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia