Вангел Георгиев
Вангел Георгиев Начев, наречен Вангел Сребренски, во Грција познат како Вангелис Стрембениотис или Вангелис Георгиу или Вангелис Нацис (Βαγγέλης Στρεμπενιώτης, Γεωργίου или Νάτσης) e андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија. ЖивотописВангел Георгиев е роден во 1876 година во леринското село Сребрено (Сребрени), денес Аспрогија, Грција. Грчкиот костурски митролоплит Карвангелис успеал да го придобие за грчката кауза во Македонија и била формирана првата месна андартска чета од 15 души. Во јуни 1903 година четата на Георгиев се сретнува со критската чета на Георгиос Перакис и заедно почнале да ги проследуват четите на Македонската револуционерна организација [1]. Вангел Георгиев зедно со турските војски водел борба со четата на војводата Воти Кирчев, кој бил ранет и заробен од аскерот [2]. Во текот на Илинденското востание четата на Вангел составена од 50 души заедно со турскиот аскер несупешно ја заштитувале Клисура од четите на Македонската револуционерна организација [3][4] На 12 мај 1904 година Вангел Георгиев со својата чета ја напуштиле Битола но во околината на село Ајтос наишле на заседа во која Георгиев бил убиен. Во 1960 година во Костур е подигнат споменик со ликот на Вангел Георгиев, односно Вангелис Стрембениотис.
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia