Ван Дименова ЗемјаЗа други значења на поимот, погл. Ван Димен (појаснување).
![]() Ван Дименова Земја (холандски: Anthoonij van Diemenslandt) — изворното име користено од Европејците за островот Тасманија, сега дел од Австралија. Холандскиот истражувач Абел Тасман бил првиот Европеец кој ја истражувал Тасманија. Го именувал островот Anthoonij van Diemenslandt во чест на Антониј Ван Димен, генерален управник на Холандските Источни Инди, којшто го испратил Тасман на неговото откривачко патување во 1642. Во 1803, островот бил колонизиран од Британците како осуденичка колонија под името Ван Дименова Земја, и станал дел од колонијата Нов Јужен Велс. Во 1824 Ван Дименовата Земја станала оддвоена колонија. Во 1856 колонијата добила одговорна самоуправа со свој претставник во парламентот, и името на островот е сменето во Тасманија. Осуденичка колонија
Од 1830 до укинувањето на депортацијата во 1853, земјата била главна осуденичка колонија во Австралија. По укинувањето на депортацијата кон Нов Јужен Велс околу 75.000 осуденици, односно околу 40% од сите осуденици пратени во Австралија, биле пратени во Ван Дименовата Земја. Само најтешко осудените биле праќани во затворот на тасманскиот полуостров познат како Порт Артур. По отслужувањето на казната повеќето од нив се населиле во Викторија. ПоврзаноИзвори
Надворешни препратки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia