Вардар (1929 - 1930)

Вардар
Писмо од Васил Пундев до Георги Попхристов со логото на весникот „Вардар“
УредникВасил Пундев
Основан1929
Јазикбугарски
СедиштеСофија

„Вардар“ со поднаслов „Независен македонски неделник“ — весник на македонската емиграција во Бугарија. Негов уредник бил Васил Пундев и излегувал во перодот помеѓу 1929 до 1930 година во Софија како легален орган на протогеровисткото крило на Внатрешната македонска револуционерна организација. Вардар е создаден од Пундев откако тој, Георги Кулишев и Никола Ѓеров ја напуштиле редакцијата на весникот Македонија[1] Весникот излегува во неделата. Бил укинат од владата на Андреј Љапчев по убиството на Пундев [2].

Наводи

  1. Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 163.
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 45.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya