Василка Велеска

Василка Лазо Велеска ( 1913 во Варош, Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од 1938 му припаѓала на напредното работничко движење во Прилеп. Во 1941 година била член на женска просветна група, а самата формирала два подактива со кои раководела. По 1942 година (по загинувањето на нејзиниот маж Борка Левата во партизани), била на поединечна врска. Растурала пропаганден материјал. Била многу активна во собирањето народна помош за партизанските одреди. Во ноември 1944 година станала член на Околискиот одбор на АФЖ во Прилеп.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1013.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya