Васил Трајковски

Васил (Петров или Петрушев) Трајковски ( 1918 во Младо Нагоричане1944 во Идризово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во селско семејство. Основно училиште завршил во родното село, а потоа работел како овчар. По окупацијата на Македонија, заедно со својот брат, како симпатизер на НОВ, учествувал во дејствијата против окупаторот. Во март 1944 година стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите нејзини борби против непријателот. Се истакнал како храбар борец, поради што бил поставен и за командир на чета. Загинал во нападот на затворот „Идризово“, кога бригадата дефинитивно успеала да ги ослободи политичките затвореници.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 274. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya