Васил Цветковски

Васил Тодоров Цветковски ( 1926 во Аџалари12 април 1945 во Шид) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Потекнувал од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. По ослободувањето на Скопје, на 22 ноември 1944 година, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Сремскиот фронт и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Претходно со успех ја совладал тримесечната воено - стручна обука. На 12 април 1945 година во битката на регионот на Шид - Товарник, храбро загинал. Бил закопан некаде меѓу Шид и Товарник, а подоцна неговите посмртни останки биле пренесени во неговото родно село, Миладиновци.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 161. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya