Ватерполо на Летните олимписки игри 1956
Ватерполото на Летните олимписки игри 1956 — официјален ватерполски турнир на Олимписките игри. Турнирот се одржал во Мелбурн, Австралија. На турнирот учествувале вкупно 10 репрезентации. Првото место го освоил Унгарија, второто Југославија и третото СССР. РезултатиПрелиминарна фазаГрупа А28 ноември
29 ноември
30 ноември
Група Б28 ноември
29 ноември
30 ноември
Група Ц28 ноември
29 ноември
30 ноември
Финална фазаКрв во водаЕден од најпознатите натпревари во историјата на ватерполото е полуфиналето помеѓу репрезентациите на Унгарија и Советскиот Сојуз. Позадината на овој натпревар лежела во настаните кои се случиле далеку од местото на одигрување на натпреварот. Во времето кога поголемиот дел од спортистите започнале со подготовка за Олимписките игри, или пак кога заминале кон Австралија, во Унгарија започнала револуција против советската власт, која многу бргу била крваво задушена. Голем дел од унгарските спортисти поради овие случувања повеќе никогаш не се вратиле повторно во својата матична земја. Од друга страна, ватерполистите својата правдина ја побарале во базенот. Противник на Унгарија се паднал токму земјата која пред само неколку недели со своите тенкови започнала инвазија низ Унгарија. Пред натпреварот, Унгарија била на чело на табелата, со еден бод повеќе од Југославија и со два повеќе од СССР. Победата на Советскиот Сојуз би значело ист број на бодови со Унгарија, и тогаш Советите би играле со послабата Германија, додека Унгарија ќе морала да продол и против посилната Југославија. Од друга страна, во случај на унгарска победа, Унгарија ќе си осигурила најмалку сребрен меда. Сите ови пресметки придонеле да се одигра натпревар кој ќе биде запишан во анализите на новинарските извештаи како Натпревар во крвавата вода. Односите помеѓу двете екипи биле доста ладни, груби и насилни. Унгарците воделе со резултат 4:0 кога натпреварот морал да биде прекинат, една минута пред регуларното време. Причината за прекинувањето на натпреварот била тепачка помеѓу советскиот играч Валентин Прокопов и унгарскиот Ервин Задор во која Прокопов го удрил и му ја распукал аркадата на унгарскиот спортист. Кога публиката ја видела крвта реагирала на остар начин, па самиот судија морал да го прекине натпреварот. 1 декември
3 декември
4 декември
5 декември
6 декември
7 декември
Утешна група
Медали
Наводиsports-reference.com Архивирано на 18 април 2020 г. |
Portal di Ensiklopedia Dunia