Вајле
Вајле (дански: Vejle) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот е управен центар на Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Вајле. Денес Вајле има 51,804 жители (1 јануари 2012)[1] во градот и 108,021 во поширокото градско подрачје.[2] Природни условиВајле се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 235 километри западно. Релјеф: Градот Вајле се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 70 метри. Во средината се наоѓа котлина, која се завршава со залив. Падините и од двете страни на котлината и заливот достигнуваат најголеми височини околу ридот Мункебјерг, каде буката процвета 14 денови пред процветувањето во останатите места во Данска. Клима: Климата во градот Вајле е претежно умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја. Води: Вајле се формирал на крајот на истоимениот фјорд Вајле, кој претставува дел од Северното Море. Името на градот значи "плитко место" или "газ", што е прилично точен назив, со оглед на тоа дека градот се наоѓа во внатрешноста на заливот, на доста плитко место, па е возможно лесно преминување. ИсторијаПодрачјето на Вајле било населено уште во времето на праисотријата. Денешната населба првпат се споменува во 1256 година, а во 1327 година, населбата ги добила градските права. Средишниот дел на градот се ширел околу потокот Вајле и Грејс. Подоцна градот се проширил на брегот на Сондермаркен и Молхолм на југот, и Норемаркен и Ухој на север, додека кон запад се ширел во текот на триесеттите години на дваесеттиот век. И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања. НаселениеДенес Вајле има околу 51.000 жители во градските граници и околу 106.000 со околните населени места. Етнички состав Населението на Вајле до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници. СтопанствоВајле некогаш бил познат како „дански Манчестер“, додека денес е средиште на ИТ-секторот. Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia