Веење (жетва)![]() Веење — земјоделски метод развиен во античките култури за одвојување на зрната од плевата. Може да се користи и за отстранување на штетници од складирано жито. Во наједноставен облик веењето се состои од фрлање на мешавината од зрна и плева во воздух така што ветерот ја дува настрана плевата која е полесна, а зрната паѓаат за повторно долу и се собираат. Се користеле разни техники како посебно обликувана корпа која се тресела за да се подигне плевата или користење на вила или лопата за веење. Во Кина![]() Во древна Кина, методот бил подобрено со развој на вртечки проветрувач кој користел рачен проветрувач за добивање на воздушна струја.[1] Ова било претставено во книгата Нонг Шу од 1313 година. Во ЕвропаВо саксонските населби како што е идентификуваната во Нортамберленд како Бедовиот Ад Гефрин [2] (денес Јеверинг) било покажано (со реконструкција на ископините) дека градбите имале влезови еден наспроти друг. Промајата создадена во амбарите од вака поставените врати се користела за веење.[3] Техниката развиена од Кинезите била прифатена во Европа дури во 18 век, кога веалките користеле „едрени проветрувачи“.[4] Вртливите проветрувачи за веење биле донесени во Европа, од холандски морнари, меѓу 1700 и 1720 година. Очигледно ги добиле од холандската населба Батавија на Јава, Холандска Источна Индија. Швеѓаните ја донеле веалката од јужна Кина отприлика во исто време, а језуитите донеле неколку машини во Франција од Кина околу 1720 година.[5] Во Македонија![]() Веалката во Македонија се користела многу доло време, но во 1950-тите и 1960-тите веењето на житни култури во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia