Вексилолошката терминологија вклучува поими со кои се објаснува дизајнот и описот на едно знаме. Голем дел од вексилолошките поими се проследени и со графички симбол што го олеснува описот на дизајнот.
Делови на знамето
Делови на знамето
Едно знаме може да ги има следните делови:
амблем - приказ на одреден грб или останат хералдички симбол
позадина - основната боја на знамето на која се наредени останатите елементи
прицврстен дел - двата кантона кои се наоѓаат до јарболот, односно половина знаме
слободен дел - двата кантона кои се наоѓаат од спротива на јарболот, односно половина знаме
кантон - која била четвртина од знамето, но сепак најчесто за кантон се смета горниот лев кантон.
беџ - кој било хералдички симбол прикажан на знамето
гранична лента - тесни ленти кои се наоѓаат помеѓу две големи ленти за да се означи разграничување.
долен и горен раб - рабовите на знамето
агли - четирите агли на знамето
Симболи
Некои држави имаат едно национално знаме кое се користи во неколку контексти, за разлика од останатите држави кои имаат неколки знамиња за различни контексти. Честопати, пловното знаме и знамето од истиот контекст се со ист дизајн, како што е случај со Република Македонија. Постојат шест основни контексти кои со комбинирање се добиваат повеќе. Комбинирањето е во зависност од намената на знамето. Шесте основни контексти се[1]:
граѓанско знаме – се вее од страна на народот
државно знаме – се вее од страна од владините институции