Велика Белчевска

Велика Белчевска (во Сливово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Знамето на Првата македонска ударна бригада, во чија изработка учествувала ѝ Велика Белчевска.

Со создавањето на слободната територија во Западна Македонија есента 1943 година, во село Врбјани била формирана шивачка работилница која изработувала облека за борците во НОВ и ПОМ, а Велика многу пожртвувано работела во неа. Учествувала и во изработката на знамето на Првата македонска ударна бригада. Во есента 1943 година, во нејзиниот дом престојувал Главниот штаб на НОВ и ПОМ. По германско-балистичката офанзива, домот на Велика бил отворен и станал сигурно засолниште на илегалците кои останале на теренот, како и за партизанските курири.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 993.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya