Велика Кладуша
![]() Велика Кладуша — град и општина во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Унско-санскиот кантон, во близина на границата со Хрватска. Најблискиот град од Велика Кладуша е градот Цазин, како и градовите Бихаќ и Босански Нови. Според податоците од пописот во 2013 година, Велика Кладуша има 5.009 жители. ИсторијаВелика Кладуша за првпат се споменува на 30 октомври 1280 со името Кладоса. За време на Византија се претпоставува дека населението на градот започнало полека да расте. Кон крајот на 13 век до 1464 година, Велика Кладуша била контролирана од страна на двете различни унгарски кралеви. Околу 1464 Отоманското Царство го освоил овој регион. Во 1558 година градот бил ограбен. Во 1633 година бил вклучен конечно во територијата на Отоманското Царство. Градот станал место за понатамошните напади на Османлиите кон Хрватска, како и кон остатокот од Европа. На почетокот на окупацијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија во 1878 година, Велика Кладуша дала најголем отпор во регионот. Сепак, во текот на овој период градот се развил преку отворање на училишта, изградба на џамија и католичка црква. Втора светска војнаВо текот на Втората светска војна во регионот на Велика Кладуша делувале југословенските партизани. Кон крајот на јуни 1941 година усташите заробиле и уапсиле голем број на Срби во регионот и ги довеле во православната црква каде ги погубиле. Од селото Малевца биле убиени со чекан по глава околу 400 жени и деца. СФРЈВо мај 1950 година во Велика Кладуша се случило селанско востание заедно со сочетокот на Цазинското востние[1]. Селаните се побуниле против присилната колективизација на земјата од страна на југословенската влада. По сушата во 1949 година, селаните од Југославија не биле во можност да ги исполнат зададените квоти утврдени од владата и истите биле казнети. Револтот што следувал резултирал со убиства и прогонување организаторите на бунтот, но биле погодени и многу невини цивили[2][3]. Цазинското востние е единствената селска буна во историјата на Студената војна во Европа.[4]. Босанска војнаВо Велика Кладуша на 16 септември 1990 година се одржал најголемиот собир на босанските муслимани со околу 300.000 посетители. На присутните им се обратил Фикрет Абдиќ, успешен стопанственик од социјалистичката ера, директор на Агрокомерц. За време на војната во Босна (1992-1995), Велика Кладуша бил главен град на самопрогласената Автономна провинција на Западна Босна. Седиштето на владата се наоѓале во Стариот замок. Самиот град не настрадал многу во војната. По крајот на војната во Босна, во градот се наоѓало седиштето на канадските сили на НАТО. СтопанствоВо ерата на југословенскиот социјализам градот станал седиште на Агрокомерц, една од најголемите компании за храна во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Компанијата започнала како една мала фарма за производство на храна и се зголемила на околу 13.000 вработени во својот врв на производство. Агрокомерц ја претворил Велика Кладуша и околните региони од еден од најсиромашните во Југославија во еден од најбогатите региони во земјата. Велика Кладуша често се нарекувала „Швајцарија на Југославија“ поради своите мали димензии, но со големо богатство. Население
ОбразованиеВо градот постојат 10 централни основни училишта и 21 основни учлишта до четврто одделение со вкупно 5.578 ученици, една гимназија и две средни училишта со 2.224 ученици. КултураЈавната установа Центар за култура и образование „Зухдија Жалиќ“ се состои од кино-сала со 250 седишта, библиотека, изложбен простор за постојана колекција на слики и повремени изложби. Во центарот работи КУД „Тоно Хроват“ со 150 членови во женскиот градски хор, драмскиот театар и танцовата група. Спорт
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia