Вело ТашовскиВело Ташовски понекогаш и Вељо или Веле (Осој, 1949 - 2009) ― македонски сликар[1] и универзитетски професор. ЖивотописТашовски е роден во мијачкото село Осој, во 1949 година. Академија за ликовни уметности завршил во Љубљана, во 1975 година, на одделот за сликарство во класата на професорот Габриел Ступица. На истата Академија завршил и постдипломски студии во 1979 година, а до 1983 година живеел и работел во Љубљана. Во ликовниот живот на Македонија се вклучил во 1984 година, а три години подоцна, тој станал и редовен професор на факултетот за ликовни уметности во Скопје на Одделот за сликарство, каде во периодот од 2002 до 2006 година, тој ја извршувал и функцијата декан. Бил на студиски престои во неколку европски земји и во Соединетите Држави. Бил и член е на ДЛУМ.[2] Починал во 2009 година, во момент кога зад себе ја имал изложбата во галеријата „Форум“ во Загреб.[3] ИзложбиТој остварил 12 самостојни изложби во Македонија, Словенија и во Германија. Учествувал на многу групни претставувања[2].
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia