Велшка азбукаСовремената велшка азбука (yr wyddor) има 28 букви, од кои 8 се диграми:
Остриот акцент, грависот, циркумфлексот и дијарезата се користат и за самогласки, но акцентираните букви не се сметаат за дел од азбуката (т.е. не се посебни букви).
ИсторијаНајраниот пример за пишан велшки јазик датира од VI векм напишан на латиница (видете Старовелшки јазик). Правописот се разликувал од оној на денешниот велшки, особено во употребата на буквите p, t и c за бележење на звучните плозиви /b, d, ɡ/ во средината и крајот на зборовите. Така, звучните фрикативи /v, ð/ се пишувале со b и d.[1] Кон средновелшкиот период веќе гледаме многу поголема варијабилност: иако b, d и g се користеле за бележење на /b, d, ɡ/, овие гласови често се запишувале по старовелшки, додека /v/ не можело да се одбележи со u, v, f или w. Покрај ова, во пораните ракописи, фрикативите често не се разликувале од плозивите (на пр. t од /θ/, гласот кој денес се пишува со th).[2]Графемата k исто така се користела почесто отколку во современата азбука, особено пред предни самогласки.[1] Неупотребувањето на оваа буква барем делумно се должи на објавувањето на Велшката Библија на Вилијам Морган, чии англиски печатари ја имале наместено честотата за печатење на букви за англиски и латински, па така немале доволно букви k за да го нјапишат секој глас /k/ со буквата k, па затоа пишувале со c;[3] ова не им се допаднало на читателите, но сепак влегло во стандардна употреба. Правописот на современиот велшки јазик бил стандардизиран во 1928 г., од страна на комитетот на чело со Сер Џон Морис-Џонс. Во 1987 година, комитет на чело со професор Стивен Џ. Вилијамс направил други помали промени. Меѓутоа треба да се спомене дека овие промени не се применуваат од сите денешни пишувачи.[4] Букви, гласовни вредности и транскрипција„С“ и „Ј“ ги означуваат варијантите во северните и јужните дијалекти на велшкиот јазик.
Белешки
КолацијаДодека секоја од диграмите ch, dd, ff, ng, ll, ph, rh, th се пишуваат со по два симбола, тие се сметаат за една буква. Ова значи дека зборот Llanelli (град во јужен Велс) на велшки се смета дека има само шест букви, споредено со осум на англиски. Затоа секоја од нив зазема само по едно место во велшките крстозбори. Пример за ова е и селото Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch, чие име содржи 58 букви на англиски, а само 51 на велшки. Сортирањето се врши во согласност со азбуката. На пример, la оди пред ly, што оди пред lla, што оди пред ma. Автоматизираното сортирање понекогаш наоѓа на потешкотии поради фактот што на некои места потребни се додатни информации за да може да се разликува вистинска диграма од едноставен ред букви; на пример llom оди по llong (каде ng го означува звукот /ŋ/) но пред llongyfarch (каде n и g се изговараат засебно како /ŋɡ/). Иако горенаведените диграми се сметаат за единечни букви, само првата составна буква се пишува со големо на почетокот на реченицата. Така:
Обете букви од диграмата се пишуваат големи само кога целиот збор е во големи букви:
Други буквиБуквата j е прифатена во велшкиот правопис за оние зборови позајмени од англискиот, кај кои гласот /dʒ/ („џ“) на велшки се задржува, дури и каде што тој глас не е претставен со j на англиски, како да речеме во garej (англ. garage, „гаража“). Некои позајмени зборови кои се пишуваат со j на англиски, во велшкиот се изговараат или како /dʒ/ (џ) или /ʃ/ („ш“); второнаведениот изговор е претставен со si, како во Siapan (англ. Japan, „Јапонија“). Буквите k, v, x и z се користат во некои технички поими, како kilogram, volt, xeroser и zero, но тие во сите случаи можат да се заменат, и често се заменуваат, со велшки букви: cilogram, folt, seroser и sero.[5] И покрај тоа, во велшката колонија во Патагонија, Аргентина, v обично се користи за запишување на звукот /v/ („в“).[1] Дифтонзи
Дијакритички знациВелшкиот јазик користи низа дијакритички знаци. The циркумфлексот се користи за бележење на долги самогласки. Така, â, ê, î, ô, û, ŵ, ŷ се секогаш долги, но a, e, i, o, u, w, y не мора да значи дека се кратки. Не сите долги самогласки се обележуваат со циркумфлекс. По некое непишано правило можеме да кажеме дека дијакритичките знаци се користат особено во едносложни зборови каде самогласката стои пред -l, -n или -r. Меѓутоа постојат многу исклучоци од ова правило. Грависот понекогаш се користи за бележење на самогласки кои треба да бидат кратки, кога обично би се очекувала долга самогласка, на пр. pas /pɑːs/ (кашлица), pàs /pas/ (пропусница/дозвола или превезување со автомобил); mwg /muːɡ/ (чад), mẁg /mʊɡ/ (шолја). Остриот акцент понекогаш се користи за обележување на нагласениот последен слог во повеќесложен збор. Така, зборовите gwacáu (празнење) и dicléin (одбива) се нагласени на крајот. Меѓутоа не сите повеќесложни зборови со нагласок ан крајот се бележат со остар акцент (на пр. Cymraeg „велшки“ нема акцент). Дијарезата означува дека една самогласка треба да се изговори наполно, а не како полусамогласка, на пр. copïo (копирање) — изговор: /kɔˈpiːɔ/, а не */ˈkɔpjɔ/. Грависот, а особено остриот акцент често се испуштаат во секојдневното пишување, а истото важи за дијарезата, но во помала мера. Меѓутоа циркумфлексот не се испушта. Акцентираните самогласки не се сметаат за посебни букви. Предвидување на должината на самогласките од правописотСпоред гореспоменатото, самогласките означени со циркумфлекс секогаш се долги, а оние означени со гравис секогаш се кратки. Доколку една самогласка не е обележана со дијакритички знак, нејзината должина мора да се одреди според околината. Необележана самогласка е долга:
Необележана самогласка е кратка:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia