Вероника Тушнова
Вероника Михајловна Тушнова (рус: Верони́ка Миха́йловна Тушно́ва; 27 март 1915 – 7 јули 1965)[1] била советскиа поетеса и член на Советскиот сојуз на писатели. Откако ги завршила медицинските студии, таа не нашла големо задоволство во тоа да биде докторка и го насочила вниманието кон пишување. БиографијаТушнова завршила средно училиштеа потоа продолжила со повисоко образование по странски јазици. По дипломирањето, на инсистирање на нејзиниот татко, кој сакал таа да стане доктор, се запишала на Ленинградскиот медицински институт, каде што студирала пред 1935 година. Во 1936 година, по смртта на нејзините родители, се вратила во Ленинград, каде што го стекнала медицинскиот степен, но имала малку задоволство во тоа да биде доктор. Во тоа време се омажила за психијатар по име Георги Розински. Таа се преселила во Москва и била примена во Книжевниот институт „Горки“ во 1941 година, но не го завршила поради почетокот на војната. Служела во Втората светска војна како медицински асистент во воените болници. Нејзините први дела биле отпечатени во 1944 година. Објавила неколку збирки песни: Прва книга (1945), Патека (1954). Нејзиниот остар лирски талент бил откриен во збирките „Спомен на срцето“ (1958), „Сто часа среќа“ (1965) и други, во кои таа пишува за повисока љубов и повикува на вистински хумани односи меѓу луѓето. Една од нејзините најпопуларни песни била „Тие не се откажуваат од љубовта“. Стиховите биле изведени како песна од Ала Пугачова. Таа работела и како преведувач. Тушнова починала од рак во Москва на 7 јули 1965 година. СемејствоТушова била мажена двапати, но двата брака завршиле со развод. Имала ќерка од првиот брак по име Наталија (Наталија Розинскаја). Во последните години од животот, Тушнова имала афера со поетот Александар Јашин, но тој не можел да го напушти семејството (Јашин имал четири деца). Јашин починал точно три години по Тушнова, исто така од рак. Збирки поезија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia