Веса Бараковска-Роза

Веса Бараковска-Роза
Родена Веса Бараковска-Роза
18 март 1922
Горна Џумаја, Царство Бугарија
Починала 29 јануари 1944(1944-01-29) (возр. 21)
Лисија, Царство Бугарија
Националност Бугарка
Народност Македонка
Занимање Револуционерка од Пиринска Македонија

Веса Бараковска-Роза (Горна Џумаја, 18 март 1922Лисија, Горноџумајско, 29 јануари 1944) — македонска младинска работничка и прва партизанка од Пиринскиот дел на Македонија.[1]

Животопис

Таа била шивачка. Во 1938 година била член и секретар на Работничкиот младински сојуз. Во нејзината група членувале и Вера Христова и Павлина Дракалијска. Веса била одговорна за културно-просветната работа во РМС. Oд 1941 година активно работела во заднината на НОД во Горна Џумаја, поради што во есента 1941 била затворена од бугарската полиција. Наскоро била пуштена на слобода, но под постојано набљудување на полицијата. Во јули 1942 година станала секретар на градското раководство на РМС - Горна Џумаја и работела на нејзиното омасовување меѓу училишната, работничката и селската младина. Едновремено работела и околу формирањето на Горноџумајскиот партизански одред и неговото снабдување со храна и топла облека.[2]

Во јули 1943 година стапила во Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“ и била прва жена партизанка во Пиринска Македонија.[2]

Учествувала во сите акции на одредот против бугарската жандармерија и полиција. Загинала во борба против бугарските фашисти,[3] во која решила да се самоубие.[4] Во нејзина чест, Никола Парапунов испратил наредбодавно писмо до сите партизански одреди и организации насловено „Првата“.[1][2]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 131. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 990.
  3. Павловски и други, Јован (2002). Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. стр. 38. ISBN 9989-613-28-1.
  4. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 62. ISBN 9989-624-46-1.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya