Весел пијач
Весел пијач ― слика на масло на платно на холандскиот уметник Франс Халс, од ок. 1628–1630. Сликата е со димензии 81 на 66,5 сантиметри. Се наоѓа во збирката на Државниот музеј, во Амстердам. АнализаСликата покажува човек кој носи кожна тесна јакна, јака од тантела и манжетни и капа наведната под агол. Тој гестикулира со десната рака, а во левата рака држи чаша бело вино. Се чини дека е фатен во момент на разговор со гледачот. Од неговиот синџир на врат виси медалјон, за кој Хофстеде де Грот тврдел дека е сличност на принцот Морис Орански.[1] Различни стручњаци тврдат дека сликата го претставува чувството за вкус. Во старите холандски инвентари, често се појавува темата за „весел пијач“ или „расположен бекрија“, и ова веројатно не бил портрет, туку наменето како жанровско парче. Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia