Ветау
Ветау (германски: Wethau) — општина во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. ГеографијаОпштината лежи во северниот дел од заедницата на оштини Ветаутал и е сместена меѓу општините Шенбург на север и Мертендорф на југ. Административниот центар на заедницата се наоѓа на околу 4 километри југоисточно од градот Наумбург. На исток, заедницата е поврзана со градот Тојхерн. Ветау се наоѓа на надморска висина од 168 метри. Површината на општината изнесува 7,4 км2. Во местото живеат 1.018 жители, а просечната густина населението е 137 жители/км2. ЗнаменитостиЗначајна знаменитост на местото е селската црква, која е сместена на височинка и била изградена на почетокот од 19. век. Исто така, препознатлива е и дворската порта на градбата „Улица на мирот 20“. Портата е подигната во 1667 година, а во 1791 била обновени со додавање на натпаси и украсување со релјефи на фигури.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia