Ветрен (град)Оваа статија се однесува на гратче во Пазарџичко. За останати значења, погл. Ветрен (појаснување).
Ветрен (бугарски: Ветрен, до 1945 г. Вѣтренъ) — гратче во Пазарџичка област, во општината Септември, јужна Бугарија. Географија и местоположбаГрадот Ветрен се наоѓа помеѓу височините кој се расположени источно од ридот Ветрен. Гратчето се наоѓа во близина на Паланката на излезот од превојот „Трајанови врата“ во Пазарџичкото Поле. ИсторијаВетрен е постара населба дури од Пазарџик. Бил населен во праисториско време, за што сведочат праисториските тумби и пронајдените предмети. Се смета дека во периодот 1403-1421 година била создадена сегашната населба. Во минатото се одликува со многу имиња: Хисарџик, Ветрен, Ениќој и Ново Село. Заедно со земјоделството и сточарството, во минатото делумно биле застапени и шумарството, занаетчиството и трговијата. Во историските книги стои дека Ветренци прво биле лозари, а потоа земјоделци и сточари. Тие биле меѓу најбудните жители на Пазарџичко. Околу 1840 година била изградена големата црква „Свети Никола“.[1] Личности
НаводиНадворешни врзки |
Portal di Ensiklopedia Dunia