Вештачки радиоизотопВештачки радиоизотоп — радиоизотоп кој не се среќава во природата: не постојат природни механизми кои го произведуваат, или истиот е толку неустојчив што се распаѓа за многу кратко време. Такви примери се технециумот-95 и прометиумот-146. Многу од нив се собираат од строеви за јадрено гориво. Некои се добиваат само во забрзувачи на честички. ДобивањеИзвесни вештачки радиоизотопи се вадат од истрошени прачки во јадрен реактор, кои содржат разни производи од цепење. На пример, се проценува дека до 1994 г. се произведени околу 49.000 TBq (78 тони) технециум присутни во нукеларни реактори — во огромна мера најголем извор на земски технециум.[1] Меѓутоа, само мал дел од произведеното наоѓа стопанска употреба. Други вештачки изотопи значителни количества се добиваат по пат на цепење, но сè уште не се извадени. Трети пак, се добиваат со неутронско озрачување на матични изотопи во јадрен реактор (на пр. Tc-97 се добива со неутронско озрачување на Ru-96) или пак со бомбардирање на матичните изотопи со високоенергиски ечстички од забрзувач.[2] УпотребаНајвеќето вештачки радиоизотопи се крајно радиоактивни и имаат кус полураспад. Иако не се безопасни, радиоактивните материјали наоѓаат широка примена во здравството и индустријата. Јадрена медицинаОпштото поле на јадрената медицина се занимава со примената на радиоизотопи во лекувањето. ДијагностикаФункционирањето на разни органи во телото може да се следи со радиоактивни трагачки соединенија, каде трагачот се привлекува или згуснува со дејството што се проучува. Трагачот содржи краткотраен радиоактивен изотоп (обично кој дава гама-зрак) со доволно енергија за да се движи низ телото и да биде видлив со гама-камера која потоа ги прикажува згуснатостите. Поради делотворноста на ваквите направи, потребни се многу мали дози на радиоактивен материја. Метаустојчивиот нукеларен изомер Tc-99m е гама-оддавач со широка примена во дијагностиката поради краткиот полураспад од 6 часа, кој лесно се добива во болниците користејќи т.н. „технециумска крава“. ЛекувањеРадиоактивните препарати се соединенија кои радиоизотоп за лекување, обично со негово големо згуснување близу дадениот орган. Таков пример е јодот-131, со кој се лечат извесни заболувања и тумори на штитната жлезда. Индустриски извори на зрачењеИндустриски полезни се зрачењата на алфа-, бета- и гама-честичките. Изворите на ова зрачење се вештачки радиоизотопи. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia