Вејхај
Вејхај (кинески: 威海, пинјин: Wēihǎi) (порано се викал Вејхајвеј, а во колонијаниот период и Порт Едвард) е град на ниво на префектура и главно пристаниште во најисточниот кинески регион Шандунг. На запад се граничи со Јантај, на исток со Жолто Море и е најблизок кинески град до Јужна Кореја. Според кинескиот попис од 2020 година во Вејхај имало 2.804.771 жители. Помеѓу 1898 и 1930 година, јадрото на Вејхај (денес округ Хуанкуи) бил дел од британската изнајмена територија Вејхајвеј; во тоа време, самиот град бил познат како Порт Едвард и служел како главен град на територијата Вејхајвеј. [2] Економија![]() Вејхај е комерцијално пристаниште и главен риболовен центар со некои лесни индустрии. Поради близината со Јужна Кореја, во Вејхај има голема корејска деловна заедница и го посетуваат многу корејски туристи. Вејхај е главна област за производство на кикирики и овошје. ГеографијаВејхај се наоѓа на североисточниот брег од покраината Шандунг; на источниот врв од Полуостровот Шандунг. Градот од три страни е опкружен со море, а неговото пристаниште е заштитено од островот Лиугонг. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia