ВизантинизамВизантинизам или византизам е термин кој се користи во политичките науки и филозофијата за означување на политичкиот систем и културата на Византиското Царство и на нејзините духовни наследници, особено балканските држави, Отоманското Царство и Русија.[1][2] Поимот византинизам е скован во XIX век.[3] Овој збор се користи главно во негативна конотација и означува комплексност и автократија. Оваа негативна репутација на терминот ја истакнува збунувачката комплексност и организација на министерствата, на судските процедури, како и недостатокот на структура во армијата.[се бара извор] Исто така, поимот Византиски систем, укажува на постоење на интриги, заговори, убиства, односно на нестабилна политичка состојба. Терминот е критикуван од современиот бугарски научник Dimiter G. Angelov кој се смета дека тој не ја отсликува реалноста на византиското наследство.[4][5] Значењето на терминот во негативна конотацијаВизантија стекнува негативна репутација во Западна Европа уште од средниот век.[4][6] Заживувањето на Светото Римско Царство од страна на Карло Велики во IX век и Големиот раскол во XI век, ја направило империјата одметник за западноевропските земји кои ја следеле политиката на Римокатоличката црква. Опсадата и грабежот на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година само ги зацементирани постојните разлики.[6] Така, според западноевропските средновековни стереотипи ромејците биле портретирани како перфидни, предавници, сервилни, женствени и невоинствени.[6] Историчарот Steven Runciman за односите на луѓето од Западна Европа со империјата напишал:
Ваквите ставови биле дополнително засилени во XVIII и во XIX век, особено во делата на историчарите и филозофите кои биле под влијание на просветителството.[4] Edward Gibbon, Georg Wilhelm Friedrich Hegel, Johann Gottfried Herder, William Lecky, Charles de Secondat, Baron de Montesquieu и Voltaire биле меѓу многуте западни писатели од тој период кои биле критички настроени кон византискиот систем.[3][8]
Edward Gibbon, првиот англиски историчар кој ја напишал целосната историја на Византија, во неговата необјективна книга The History of the Decline and Fall of the Roman Empire (1776-1789) која долго време се сметала за станард за изучување на историјата на Византија, бил остар критичар на империјата.[10] Критичарите посочуваат дека Византија и нејзините наследници останале недопрени од големите поместувања во западната филозофија како што се борбата за инвеститура, реформацијата и ренесансата[11] и со тоа византиската политичка култура се сведува на цезаропапизам и авторитарна политичка култура, која се опишува како автократска, деспотска и империјалистичката.[10][12] По падот на Византија, критичарите на византиската систем посочуваат дека тој има извршено штетно влијание и врз други држави. Ова особено се користи во дискурс на политичките системи, култури и општества на Русија (започнувајќи од Големото Московско Војводство, преку царска на Русија сѐ до Руската Империја)[2][13], Советскиот Сојуз,[14] на Отоманското Царство[15] и на балканските држави (поранешни европски провинции на Отоманското Царство).[1][11][16] Современиот бугарски историчар Димитар Ангелов смета дека оваа негативна репутација не е објективна и дека во најмала рака претставува симплистички генерализација.[4][5] Исто така терминот византизмот има слично значење со терминот балканизам. Терминот византинизам во позитивна конотацијаИако Византија во Западна Европа често се спомнува во негативен конотација, сепак постојат исклучоци. Византија била рехабилитирана во Франција започнувајќи од ерата на апсолутизмот, па сè до XVII век до Француската револуција во делата на автори како што е Pierre Poussines.[3] Како резултат на промените до кои просветителството ги извршило во Западна Европа, француската традиција го нашла своето прибежиште во Руската Империја. Терминот византинизам бил користен во позитивен контекст во XIX век од страна на рускиот научник Константин Леонтјев во своето дело Византизм и славянство од 1875 година, за да се опише општество со кое Руската Империја треба да се спротивстави на деградативните влијанија на Западот.[13][17] Леонтјев бил полн со фалби за Византиското Царство и на царската автократија.[17][18][19] Модерен дискурсВо модерен контекст терминот византизам се користи за означување на недемократски практики како и за користењето на насилство во политичкиот живот, што е практика во политиката на Балканот.[11][20] Багажот на византиската политичка традиција се користи за да се објасни одложувањето во развојот на демократските институции, претпочитањето на силни, дури и автократски влади, недоверба на луѓето на стопанствениците и избраните политичари, како и за објаснување на целокупната разлика меѓу Западот, Балканот и Источна Европа.[11] Зборот византизам и сличните поими (на пример: Византија и сл.), се здобиле со негативни конотации во неколку западноевропски јазици, вклучително и на англиски јазик.[2][11] Литература
Сличнии содржини |
Portal di Ensiklopedia Dunia