Византиски симболи![]() Во Византија не постоела голема разлика помеѓу знаме и грб, така што практично е невозможно да се зборува за овие концепти одделно. Сепак, постојат два симболи што во текот на целото постоење на Империјата се протегаат како државни симболи. Крстот на Константин![]() Крстот на Константин се состои од златен грчки крст поставен на црвено поле. Според легендата, на царот Константин Велики во пресрет на решителната битка со римските бунтовници на небото му се појавил крстот и зборовите: „Во овој знак, ќе освојуваш!“ По знакот кој царот во видел на небото тој подигнал црвено квадратно знаме на кое поставил златен крст. Под ова знаме тој ја повел војската во престојната битка. Ова знаме подоцна станува симбол на царството. Латинско Царство![]() Со падот на Цариград во рацете на крстоносците во 1204 година, воспоставена е Латинското Царство, која се сметала за наследник на Римското Царство. Латинското Царство ја продолжува традицијата на употреба на симболите. Грбот на Латинско Царство е сочинет од грчки крст на четири дела сече црвена поле, а во секој дел се наоѓа златен заокружен грчки крст. Возобновувањето на ВизантијаВо 1261 година Никејскиот император Михаил VIII Палеолог го ослободува Цариград и го победува деспот на Епир и со тоа себе и својата држава ги ги сметал за единствени вистински наследници на Византија, што било илустрирано и на грбот на Царството. Грб на обновената византиската бил сочинет од златен грчки крст во четири кој на четири дела го сече црвеното поле, додека на секој од четирите делови се наоѓа грчката буква бета (која личи на кириличната буква В) напишана со златножолта боја. Значење 4В(Б)Појавата на 4Β е поврзана со Михаил VIII Палеолог, кој наместо латинските опкружен грчки крстови (или, како што некои велат знатници) ги поставил буквите Β. Се смета дека 4Β укажуваат на мотото династијата на Палеолозите и на Византија:
односно
Кога Стефан Лазаревиќ од Византија ја добил титулата деспот во српскиот грб (кој веќе го содржел, од Византија преземениот, двоглав орел) ќе воведе 4С наместо 4Β. Четирите „С“ на почетокот означувале Србија, Се смета дека Четирите „С“ подоцна го добиваат значењето на српскиот мотото:
Двоглавиот орелОрелот се појавува во Византија од формирањето на Римското Царство чиј симбол претставува. Во деветтиот век во Византија, наместо едноглавиот се појавува двоглавиот орел како симбол на Царството кое било свртени и кон Исток и кон Запад (односно и кон Европа и кон Азија). Византискиот двоглав орел се проширил и во земјите кои биле под директно културно и политичко влијание на Царството (Србија, Русија,...). Денес двоглавиот орел може да се најде на грбовите на повеќе земји.
Владеењето на ПалеолозитеДвоглавиот орел во Византија се појавувал во различни бои, но најдобро е познат како симбол на последните византиски цареви и на морејските деспоти од династијата на Палеолозите. Грбот на Палеолозите е сочинет крунисан двоглав орел во лет на златна позадина опкружен со црна рамка. Грбот денесПоранешниот грб на Палеолозите денес се користи како грб на Цариградската патријаршија, на спортскиот клуб АЕК, и на нововизантиското движење. Знамиња со двоглавиот орел може да се видат низ цела Грција, главно во црковните објекти и на тврдини. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia