Википедија:Археоекспедиции 2021
Во текот на 2021 година е организиранa една археоекспедициja, со кои се опфатени следните области:
Одржани експедицииДемиркаписко![]() На 10 јуни 2021 година, беше посетен пределот околу градот Демир Капија. Вкупно учесници беа четворица: два членови од Споделено знаење (Dandarmkd и Иван Ж), 44martin88 кој е фотограф и учесник на повеќе активности на Споделено знаење, и дотогаш магистерот по археологија, Орданче Петров, кој ни служеше како ментор и водич. Прво археолошко наоѓалиште што беше посетено беше Кале - Стрезов Град, кое археолошки се тврди дека е средновековниот град-тврдина Просек. Самото наоѓалиште се наоѓа на карпата, висока на врвот, околу 220 метри, каде се пристапува само пеш. Оваа карпа ја обликува Демиркаписката Клисура. Поради важноста и сложеноста на местото, ова наоѓалиште беше најмногу фотографирано. Додека бевме на врвот на карпата, археологот ни посочи каде се наоѓа наоѓалиштето Рамниште кое што беше фотографирано од далеку поради неговата тешка пристапност. Откако се симнавме од Просек, го посетивме наоѓалиштето Црквиште кое се наоѓа на периферијата на Демир Капија. Таму постоела средновековна црква и на површината беше положен камен натпис и камена резба. Одејќи по патот како за на кај селото Клисура, застанавме кај тунелот, пробиен од германската војска во Првата светска војна, каде сè уште стои посветата по повод на неговото пробивање. Таму во непосредна близина се наоѓа наоѓалиштето Варници кое исто така беше фотографирано. Мора да се истакне дека на оваа експедиција, освен археолошки работи, беа фотографирани и/или уредени статии на Википедија за нешта што биле во непосредна близина на нас. Таквите слики спаѓаат во албумот на овие археоекспедиции, и покриените статии се овде наведени.
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia