Википедија:Барања за оценувачки статус/номинации
ВоведСо цел да се номинирате себеси или друг уредник за администраторски статус, мора прво да креирате БзОС потстраница за номинираниот, што ќе биде направено автоматски кога ќе ги проследите упатствата во соодветниот дел подолу. Ќе бидете директно одведени до таа страница кога ќе стиснете на копчето за номинација. Откако оваа БзОС потстраница ќе се креира, номинаторот мора да објасне на БзОС потстраницата зошто овој номиниран би бил добар оценувач и номинираниот мора да ја прифати номинацијата на БзОС потстраницата пред да може да биде префрли на главната БзОС страница. Ова ги спречува уредниците од гласање против кандидатите едноставно бидејќи тие не ја прифатиле номинацијата или ги одговориле прашањата. Исто така ги спречува и номинираните и номинаторите од усрамување доколку биде одбиена номинацијата. Забелешка: Се смета за добро доколку најпрво го контактирате евентуалниот номиниран пред да ја создадете БзОС потстраницата и да го номинирате - доколку номинираниот сака да почека или не сака да биде оценувач, создавањето на страницата може да биде малку непријатно за нив, затоа ве молиме проверете прво. Конечно, откако номинацијата е прифатена и прашањата се одговорени, номинираниот би требало да ја префрли на БзОС страницата кога тој е подготвен за БзОС да започне. Алтернативно, кандидатот може да побара од номинаторот да го направи тоа. Ова се прави со следење на врската „уредете ја оваа страница“ во соодветниот дел долу, и додавање на предлошката дадена на дното на оваа страница (со името на номинираниот заменето со КОРИСНИЧКОИМЕ) кон БзОС страницата. Идеално, номинираниот треба да го направи ова кога е задоволен со неговите одговори на прашањата. Не дозволувајте да се поставуваат гласови или коментари на БзОС страницата за номинација сѐ додека не биде поврзана со главната БзОС страница. Ова ќе спречи секаква контраверзност или обвинувања за нефер рекламирања на дадено БзОС. Ве молиме забележете дека формуларите долу се однесуваат на први номинации - доколку номинираниот бил номиниран претходно, обидот да се пополни формуларот подолу ќе го однесе номинаторот до преходната номинација. За да креирате втора номинација, едноставно ставете го бројот 2 по корисничкото име на номинираниот. За да се номинирате себеси
За да номинирате некој друг
Што да правите доколку сте номинирани од некого друг
|
Portal di Ensiklopedia Dunia