Една од задачите на ВикиПроект Медицина е оценување на квалитетот и важноста на содржините кои се во доменот на здравјето и медицината. Со ова проектот си помага себеси за да ги препознае одличните содржини и содржините на кои им треба работа, да добие статистичка информација за моменталната состојба на енциклопедиските статии за нејзината област и да ги следи резултатите од својата работа со текот на времето.
Како се оценува една статија?
Прво, приближно се одредува колкава е важноста на темата за медицината. Потоа, се анализира квалитетот на содржината и се споредува со критериумите за квалитет, со што се одредува класата. Потоа се поставува предлошката за класифицирање {{ВикиПроект Медицина}} на разговорната страница на статијата. Притоа, оваа предлошка има параметри за класа и важност.
На пример, кај медицинска статија за која се утврдило дека е од класа IV за квалитет и од висока важност во склоп на ВикиПроект Медицина, на нејзината разговорна страница би се ставил следнава предлошка и параметри: {{ВикиПроект Медицина|класа=I|важност=висока}}. Ова автоматски ќе ја стави страницата во соодветни категории за квалитет и важност во склоп на ВикиПроектот.
Избрана статија претставува пример за нашата најдобра работа. Избраните статии содржат професионални стандарди на пишување и презентација. Покрај тоа што статијата треба да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, таа треба да ги има следниве атрибути:
Да е—
(а) одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, и е од професионален стандард;
(б) детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придрижени со специфични докази и надворешни цитати; ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во која се наведени изворите, придружено со фусноти на соодветните места. Видете: Википедија:Цитирање извори;
(д) стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.
Има правилен стил на пишување, кој ја вклучува употребата на:
(а) вовед - концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(б) соодветна структура— систем на хиерархиски поднаслови и добра, но не преголема листа на содржина; и
(в) постојани цитати— онаму каде што има потреба во согласност со Критериум 1в, континуирано форматирани референци во форма на фусноти.
Слики. Има слики и други медиуми таму каде што е соодветно, со добар коменар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права. Неслободните слики мора да бидат правилно лиценцирани и со соодветен извор, а нивната праведна употреба јасно означена.
Должина. Останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали.
Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации.
Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни.
Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот.
Дополнителни критериуми
Целосно ја покрива темата и ги прикажува најважните погледи;
Добро е напишана: текстот има енциклопедиски тон и правилен правопис и граматика;
Има соодветно форматирање (форматиран текст и структура со пасуси, внатрешни и надворешни врски, соодветни предлошки, меѓујазични врски и категории);
Доволно е точна и проверлива со помош на веродостојни извори;
Стабилна е: не е подлежна на големи промени од ден на ден и нема активни уредувачки војни или расправии околку содржината.
Илустрирана е со слики соодветни за темата кои се, по можност, слободни и без проблеми поврзани околу авторското право.
Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија.
Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува.
Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија.
Статијата задоволително ја покрива темата и не содржи исклучоци или невистини. Го содржи најголемиот дел од материјалот потребен за добра статија, иако на некои пасуси им е потребно проширување, а некои важни теми можат и да недостасуваат.
Статијата има дефинирана структура. Содржината треба да биде организирана во групи на поврзан материјал, вклучувајќи воведен пасус и сите пасуси кои нормално можат да бидат вклучени во статија од тој тип.
Статијата е задоволително добро напишана. Прозата не е тешка за читање и не содржи крупни граматички или правописни грешки, но секако дека не мора да биде „брилијантна“.
Статијата содржи дополнителни материјали онаму каде што е потребно. Инфокутии, дијаграми итн. треба да бидат вклучени на соодветни места и каде што можат да бидат од помош за содржината.
Содржината е претставена на разбирлив начин. Иако Википедија е повеќе од општа енциклопедија, статијата треба да биде напишана за што е можно поширока публика. Статијата не треба да претпоставува дека читателот има претходни познавања од темата, а техничкиот жаргон треба да биде избегнат или објаснет онаму каде што се применува.
Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач.
Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа.
Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување.
Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела).
Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување.
Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание.
Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење.
Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе.
Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата.
Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија.
Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник.
Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет.
Темата е многу важна, дури и клучна, за медицината. Има силен интерес кон неа од непрофесионалци од целиот свет. Обично претставува голема тема со многу поврзани потстатии. Помалку од 1% од темите/статиите поврзани со медицината го добиваат овој статус.
Јасно е дека темата е значајна. Таа е интересна за обичните читатели и засега многу од нив. Во оваа категорија се вклучени некои од најчестите болести и лекувања, како и поголемите медицински специјалности. Помалку од 10% од темите/статиите поврзани со медицината го добиваат овој статус.
Овие статии имаат нормален приоритет за подобрување. Добра статија од оваа категорија би била интересна или корисна на многу читатели. Темата е значајна во нејзината посебна специјалност. Оваа категорија го вклучува најголемиот број на медицински состојби, тестови, лекови, медицински супспецијализации, добро познати анатомски поими и чести знаци и симптоми.
Статијата може да биде вклучена за да покрие одреден дел од некоја поважна статија, или можеби е слабо поврзана со медицината. Темата може да биде специфична за една земја или за дел од земја, како на пример локални медицински организации. Оваа категорија вклучува: многу ретки болести, помалку познати медицински знаци, опрема, болници, индивидуи, историски информации, публикации, закони, детални генетски, биохемиски или физиолошки информации и не толку познати анатомски одлики.