Класа
|
Критериуми
|
Доживување на читателот
|
Совети за уредувачите
|
Пример
|
ИС
|
Избрана статија — Статијата била номинирана и го добила статусот на избрана статија од страна на заедницата.
Дополнителни критериуми |
Избрана статија претставува пример за нашата најдобра работа. Избраните статии содржат професионални стандарди на пишување и презентација. Покрај тоа што статијата треба да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, таа треба да ги има следниве атрибути:
- Да е—
- (а) одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, и е од професионален стандард;
- (б) детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придрижени со специфични докази и надворешни цитати; ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во која се наведени изворите, придружено со фусноти на соодветните места. Видете: Википедија:Цитирање извори;
- (г) неутрална: презентира објективност и неполаризираност; и
- (д) стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.
- Има правилен стил на пишување, кој ја вклучува употребата на:
- (а) вовед - концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (б) соодветна структура— систем на хиерархиски поднаслови и добра, но не преголема листа на содржина; и
- (в) постојани цитати— онаму каде што има потреба во согласност со Критериум 1в, континуирано форматирани референци во форма на фусноти.
- Слики. Има слики и други медиуми таму каде што е соодветно, со добар коменар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права. Неслободните слики мора да бидат правилно лиценцирани и со соодветен извор, а нивната праведна употреба јасно означена.
- Должина. Останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали.
|
|
Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации.
|
Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни.
|
Ли Куан Ју (заклучно со јуни 2012)
|
ДС
|
Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот.
Дополнителни критериуми |
- Целосно ја покрива темата и ги прикажува најважните погледи;
- Добро е напишана: текстот има енциклопедиски тон и правилен правопис и граматика;
- Има соодветно форматирање (форматиран текст и структура со пасуси, внатрешни и надворешни врски, соодветни предлошки, меѓујазични врски и категории);
- Доволно е точна и проверлива со помош на веродостојни извори;
- Стабилна е: не е подлежна на големи промени од ден на ден и нема активни уредувачки војни или расправии околку содржината.
- Илустрирана е со слики соодветни за темата кои се, по можност, слободни и без проблеми поврзани околу авторското право.
|
|
Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија.
|
Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува.
|
Макемаке (заклучно со јули 2012)
|
I
|
Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија.
Дополнителни критериуми |
- Статијата е соодветно покриена со извори, со наведување извори паралелно со текстот од статијата онаму каде што тоа е потребно. Било кој материјал кој е контроверзен или за кој има шанса да биде предизвикан е цитиран.
- Статијата задоволително ја покрива темата и не содржи исклучоци или невистини. Го содржи најголемиот дел од материјалот потребен за добра статија, иако на некои пасуси им е потребно проширување, а некои важни теми можат и да недостасуваат.
- Статијата има дефинирана структура. Содржината треба да биде организирана во групи на поврзан материјал, вклучувајќи воведен пасус и сите пасуси кои нормално можат да бидат вклучени во статија од тој тип.
- Статијата е задоволително добро напишана. Прозата не е тешка за читање и не содржи крупни граматички или правописни грешки, но секако дека не мора да биде „брилијантна“.
- Статијата содржи дополнителни материјали онаму каде што е потребно. Инфокутии, дијаграми итн. треба да бидат вклучени на соодветни места и каде што можат да бидат од помош за содржината.
- Содржината е претставена на разбирлив начин. Иако Википедија е повеќе од општа енциклопедија, статијата треба да биде напишана за што е можно поширока публика. Статијата не треба да претпоставува дека читателот има претходни познавања од темата, а техничкиот жаргон треба да биде избегнат или објаснет онаму каде што се применува.
|
|
Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач.
|
Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа.
|
Второ Бугарско Царство (заклучно со јули 2012)
|
II
|
Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување.
Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела).
|
Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување.
|
Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание.
|
Катерина Арагонска (заклучно со мај 2012)
|
III
|
Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење.
|
Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе.
|
Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата.
|
Ботаника (заклучно со јули 2012)
|
IV
|
Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија.
|
Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник.
|
Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет.
|
Човечка глава (заклучно со јули 2012)
|
Список
|
Список — статија чија основна содржина е список кој се состои од врски до статии од областа на одредена тема.
|
Нема дефиниран формат за сите списоци, но нејзината организација треба да биде логична и корисна за читателот.
|
Списоците треба да бидат збирки од врски до статии на Википедија, соодветно именувани и организирани.
|
Список на англиски монарси (заклучно со мај 2012)
|