Википедија:Викиекспедиции 2019
Во текот на 2019 година биле оганизирани четири викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:
Прва експедиција![]() ![]() СлавиштеДојде пролетта, а со тоа и почетокот на нашите Викиекспедиции :) Попладнето 25 април 2019 година (четврток) се упативме кон областа Славиште, но и други села кои припаѓаат на денешната Општина Крива Паланка. Овој пат, учесници на експедицијата беа Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски, кој ни се приклучи за прв пат. Прв денБидејќи прогнозата за вториот ден на нашата експедиција беше лоша, со најава за врнежи од дожд во текот на целиот ден, одлучивме во петокот (првиот ден од нашата посета), да посетиме што е можно повеќе села, особено оние кои беа предизвикувачки и до кои имаше само земјени патишта. Најпрвин, отидовме на нашиот појадок, четврт бурек со јогурт на бреговите на Крива Река во градот, од каде се упативме кон првото село за денот, Костур. Селото со познато име (како истоимениот град во Егејска Македонија) беше пусто, одвај неколкумина живеат уште таму. Подоцна, се упативме кон поголемото село Узем, кое е поделено на многу маала, распослани долж македонско-бугарската граница, во непосредна близина на меѓународниот граничен премин „Деве Баир“. На пат кон другите села, поминавме низ селото Жидилово, кое поседува подрачно училиште. Малку подоцна, скршнавме на регионалниот пат R2250. Прво село кое го посетивме беше Киселица, до кое се доаѓа по стрмен земјен пат, а горе имаше еден жител, кој порано возел камиони, но сега решил да се занимава со земјоделство. Тука беше првата покана да седнеме, да се напиеме една ракија :) Откако се симнавме од Киселица, скршнавме повторно десно и отидовме кон селото Трново, до кое води асфалтиран пат. Во селото се наоѓа една од малкуте цркви во овој регион, црквата „Св. Никола“, чии помошни објекти се користат и како гласачко место. Поранешното училиште е претворено во хостел „Трновски ветар“. Од Трново се вративме по истиот пат и продолживме да се движиме на север по регионалниот пат, доаѓајќи до селото Добровница, каде се наоѓа подрачно училиште и новоизградената црква „Св. Димитриј“, во близина на селските гробишта. Од Добровница, повторно скршнавме десно и отидовме да ги посетиме селата Мала и Голема Црцорија, кои се разделени на многу маала. Од овој пат се доаѓа и до привремениот граничен премин со Србија, Црцорија-Голеш. На следното скршнување, најпрвин мислевме дека дојдовме до маало на селото Крстов Дол, но подоцна разбравме дека сепак е маало на Голема Црцорија. Сепак, успеавме да фотографираме маало на селото Крстов Дол, заедно со уништената рударска флотација и незаштитено јаловиште. На крај од овој регионален пат, стигнавме до селото Луке, големо и раздвижено село, каде се наоѓа подрачно училиште со десетина деца, селска црква „Св. Илија“ и селска црква „Св. Петка“. Кај селската црква „Св. Илија“ ни се приближи мештанин и истиот ни понуди да не однесе до црквата „Св. Петка“, сместена на државната граница со Србија, од каде се пружа неверојатен поглед на целата околина, заедно со пограничните области во Бугарија и Србија. Претходно, имавме одличен разговор со него по пат, но и во селската „кооперација“ :) Кога завршивме со Луке, се упативме кон селото Подржи Коњ. По мешан пат, асфалтен и земјен, стигнавме до едно негово маало, а во подножјето го фотографиравме и подрачното училиште, каде се сместени и амбулантата и месната заедница на селото Луке. Околу 15 часот рековме да се вратиме целосно до магистралниот пат Скопје-Софија, и да се одвоиме повторно по регионален пат до селото Огут. Попатно фотографиравме едно маало на селото Кркља. До селото Огут, оддалечено околу 20-тина километри од градот Крива Паланка, води асфалтиран пат, во првиот дел и со обновен асфалт, а попатно се наоѓаат и селата Осиче и Метежево. Во преубави пејзажи, патот се движи низ недопрена природа на овој регион и навистина уживавме додека стигнавме до таму. Во Огут, се наоѓа и стара напуштена караула на АРМ, бидејќи од другата страна веќе се наоѓа градот Трговиште, во Србија. Втор денБидејќи бевме сместени во вила во селото Дурачка Река, пред појадокот на вториот ден, се упативме најпрвин до селото Станци, каде поради далечината не отидовме да го посетиме Станечкиот Водопад на истоимената река, која се влива во Дурачка Река. Направивме фотографии од селото, подрачното училиште и од двете реки. Подоцна, го фотографиравме селото Дурачка Река и истоимената река, пред да се спуштиме во градот. Пред појадокот, отидовме и до селото Кошари, сместено во близина на градот, до кое води само земјен пат. Откако појадувавме во манастирскиот ресторан на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ се упативме кон селото Варовиште, од кое веќе направивме фотографии од патот кон селото Кошари, и кон селото Б’с, селото со најкратко име во Македонија. До Б’с води земјен пат, на моменти каллив и опасен. Оттаму, се упативме кон селото Дрење, до кое води асфалтен, но многу стрмен пат, од градот. Од патот за селото ни се укажа шанса и го фотографиравме селото Лозаново, сместено на спротивниот рид. По надополнување бензин, отидовме кон најголемото село во областа, Конопница, кое скоро е целосно споено со самиот град Крива Паланка. Ја фотографиравме убавата црква над селото „Св. Теодор Тирон“, како и подрачното училиште „Илинден“. Попатно фотографивме и едно од маалата за селото Градец, иако за жал не успеавме да лоцираме пат до него, за да го фотографираме подетално. Потоа, се исклучивме повторно од магистралниот пат, за да го фотографираме селото Т’лминци, а откако кратко се вративме на него, повторно се исклучивме за да стигнеме до селото Мождивњак и Борово. Најпрвин, отидовме кон селото Борово, до кое најпрвин имаше асфалтен пат, кој подоцна стана земјен и доста стрмен. Успеавме некако да стигнеме до ова високопланинско село и да направиме неколку фотографии. Кога се симнавме во Мождивњак, направивме круг и го најдовме едното подрачно училиште и селската црква „Св. Троица“. За крај на денот кога веќе се доближуваше најавената бура, отидовме кон селото Длабочица, каде успеавме да ја најдеме црквата „Св. Никола“, изградена во 1928 година, напишано на плоча од времето на Кралството СХС. ИсходСо фотографирани 28 села и поминати над 480 километри, од кои добар дел по земјен терен, можеме да прогласиме уште една успешна Викиекспедиција. Галерија
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Втора експедицијаКарти на посетени места Подрачја покриени со експедицијата: Општина Могила (горе лево) и Општина Прилеп (с. Клепач, горе десно), Општина Битола (три источни села, долу лево) и Општина Новаци (с. Далбговци, долу десно) ![]() Општина МогилаВикендот (8 и 9 јуни), членовите на Викиекспедиции, составени од Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и повторно Деан Лазаревски, ја посетија Општина Могила. Ова беше втората експедиција предвидена за оваа година и беше спроведена мошне успешно. Како и секогаш, кон нашето сместување во градот Битола се упативме уште попладнето во петокот, 7 јуни, со цел одморени да ја започнеме експедицијата. Прв денСе решивме експедицијата да ја започнеме од северниот дел на Општина Могила, односно од нејзините „планински“ села. Овие села се единствените кои, покрај Мојно на другиот крај од општината, се наоѓаат во подножје на некоја планина. Започнавме со селата во подножјето на Древеник, најпрвин од селото Трновци, за потоа да продолжиме кон селото Свето Тодори, во кое се искачивме и до манастирот „Св. Теодор Стратилат“, сместен над селото. Од парохискиот свештеник, кој го сретнавме во Лознанскиот манастир, разбравме дека манастирот не бил опожарен во текот на големите пожари околу Битола пред некоја година. Потоа, продолживме и влеговме во малото село Подино, за веднаш после да навлеземе во големото низинско село Ивањевци, кое поседува и деветгодишно училиште со уреден двор и терени. Негде во овој дел го изгубивме нашиот единствен преостанат знак „Викиекспедиции“ :( Откако повторно се вративме на стариот пат Битола-Прилеп, свртевме во лево и отидовме да ги посетиме селата Лознани и Новоселани. Во селото Лознани се наоѓа нов манастир, посветен на Светите Кирил и Методиј, како и запуштена селска црква „Св. Атанасиј“. Додека, во селото Новоселани, селската црква „Св. Ѓорѓи“ е сместена на мала височинка над селото, од каде се пружа одличен поглед на тој дел од Пелагонија. Потоа, повторно се вративме на стариот пат Битола-Прилеп и започнавме со посета на низинските села. Најпрвин, бидејќи ни беше по пат, влеговме во селото Клепач, кое официјално е дел од Општина Прилеп. Продолживме со посета на селото Ношпал, кое преку проект на Министерството за образование и наука добило убаво средено монтажно училиште. На крај, стигнавме до селото Добрушево, кое до 2004 година претставувало општинско средиште на истоимената општина. Селото поседува парк, нови игралишта, голема црква, па дури и мала бензинска станица од Макпетрол. Како напредуваше жешкиот ден, така ние полека стигнавме до селата Мусинци и Мојно, сместени на другиот крај од општината. Во Мусинци успеавме да ги најдеме двете селски цркви, како и разурнатото минаре од некогашната џамија, додека во Мојно ја најдовме селската црква „Св. Атанасиј“. По ова село, планот ни беше денот да го завршиме порано, бидејќи стана неиздржливо топло, па така влеговме само во селата Алинци, Црничани и Путурус. Алинци е мало село, кое нема ни сопствено училиште, иако има ученици. Во селото Црничани се помачивме да ја лоцираме селската црква, па дури добивме и лоши насоки од мештаните, додека во селото Путурус беше крајно неизводливо да дојдеме до главната селска црква „Св. Димитриј“ од 1880 год. сместена на височинка над селото. Во другата црква „Св. Петка“ се одржуваше свадба и моравме на двапати да се качуваме до нејзе за да направиме фотографија потребна за наши цели. Втор денБидејќи имавме добро темпо минатиот ден, вториот ден го започнавме со посета на три поврзани села, сместени во Општина Битола. Тоа беа селата Долно Оризари, Карамани и Трн. Сите поседуваа сопствени цркви, а селото Долно Оризари, бидејќи е најблизу до градот, поседуваше и градинка, големо училиште и амбуланта. Необично, во селото Трн, веднаш до селската црква се наоѓа голем тениски терен, веројатно изграден од некој мештанин. По овие села, отидовме кон селото Дедебалци, но бидејќи во непосредна близина е и селото Далбеговци, кое официјално е дел од Општина Новаци, решивме да го посетиме и него. Двете села поседуваат цркви со исто име, Воскресение Христово. Потоа, се упативме кон споените села Трап и Будаково. Будаково е единственото останато турско село во областа, кое добило и џамија во поново време. Надвор од селото Трап се наоѓа заедничката црква за двете села. Продолживме кон селата Радобор, Долна Чарлија и Горна Чарлија. Селото Радобор поседува мала стара црква, која лесно ја пронајдовме. Селото Горна Чарлија е тешко пристапно и делумно се движевме низ ниви, во кое никој не живее и има останато само неколку куќи. Селото Долна Чарлија е живо село и поседува црква „Св. Димитриј“ од XIX век. Конечно дојдовме до општинското средиште, Могила. Бидејќи селото имаше фотографии од неговите општествени објекти, решивме да направиме фотографии само од селската црква и потоа веднаш се упативме кон преостанатите непосетени села, Долно Српци, Беранци и Вашарејца. Во селото Беранци успешно се снајдовме и ги лоциравме трите селски цркви. Манастирот над селото е сместен во шума и забележавме доста луѓе отидени на пикник. Во селото Долно Српци ја најдовме црквата „Св. Теодор Тирон“, која ја погоди гром пред некоја година, како и гробјанската црква сместена надвор од селото, од каде всушност се пружаше и одличен поглед на селото. На крајот на денот, сакајќи да ја фотографираме железничката станица „Даме Груев“, изгубивме доста време до нејзе и назад. За жал, од нејзе нема ништо останато. Потоа, отидовме до последното село Вашарејца, со што ставивме крај на уште една успешна експедиција. ИсходСо фотографирани 28 села и поминати 670 километри, имавме уште една одлична теренска прошетка. Галерија
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Трета експедиција![]() ![]() ОхридскоИако оддава впечаток дека од Охрид има многу фотографии, сепак тоа не е случајот со охридските села, распослани на планините Галичица и Мазатар. Многу од овие села немаа ниту една фотографија на Заедничката Ризница, поради што неминовно беше дека мораме да ги посетиме овие села. Така, тргнувајќи во петок (23 август 2019 г.), се упативме кон нашата трета експедиција годинава. Повторно беа присутни истите четири членови од претходните две експедиции (Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски). Прв денОткако направивме план за денот за време на појадокот, се упативме кон најоддалечените села во Општина Охрид, а тоа се селата кои се наоѓаат лево и десно од регионалниот пат Охрид-Ресен. Најпрвин пристапивме до селото Свиништа, сместено високо во планината и кое зазема прекрасна положба. Црквата во селото сместена на самиот влез во селото беше лесно воочлива и со тоа денот тргна лесно. Потоа, се упативме кон селото Завој, кое веќе го видовме од патот кон Свиништа. Иако во последниот попис се вбројуваат само 12 жители, селото Завој поседува обновени куќи и не оддава впечаток на напуштено село. Селската црква е во добра состојба, со уреден двор, а на сретсело се наоѓа споменик од НОБ. Над селото се наоѓаат уште две цркви, до кои пробавме да отидеме, но бевме вратени од Шумска полиција, бидејќи важечка беше забраната за движење во шуми поради пожарите. Токму, кога ни објаснуваа дека може секој миг да се појави пожар, изби големиот пожар, кој гореше два дена меѓу селата Вапила, Опеница и Сирула. Веќе тука, сфативме дека оваа експедиција нема толку глатко да ги поминуваме селата, бидејќи сите села нудеа бројни работи и имаа повеќе цркви. По Завој, свртевме на следната раскрсница за селата Плаќе, Речица и Куратица. До селото Плаќе води асфалтен пат, кој подоцна едно време прекинува, за повторно да се појави асфалт, феномен сретнуван повеќе пати од наша страна на експедициите. Селото поседува две цркви, уреден плоштад наречен „Илинден“ и селска чешма. И ова село, за време на пописот имало само 4 жители, но викендот беше раздвижено и полно со луѓе. Во селото Речица ја најдовме црквата „Св. Ѓорѓи“, која е заштитен споменик на културата, како и новата црква „Св. Кузман и Дамјан“, светители по кои се именувани бројни цркви во Охридско. На сретсело, мештанин од селото ни раскажа дека по изградбата на малата хидроцентрала, селото скоро и да нема вода за пиење, иако до него тече река. Големото село Куратица има бројни цркви и манастири и во него се задржавме долг период. Сепак бевме доста успешни во пронаоѓањето на сите цркви, па дури и на малите параклиси, а до некои од нив имавме вистинска офроуд авантура. Потоа, се упативме до селото Опеница, каде пожарот веќе беше доста активен и гореа големи површини шума. Селото поседува убаво уреден манастир, прилично нов. До црквата подигнати се убави манастирски конаци со соби за ноќевање. Веќе кон втората половина на денот рековме да ги посетиме уште селата околу Косел, па така најпрвин отидовме до селото Сирула, кое е доста мало и останата е само црквата, додека многу стари куќи се руинирани. Подоцна, дента прв пат посетиме рамничарско село, Ливоишта, каде е сместена црквата „Св. Наум Охридски“, која била подигната во 1974 година. Селото Вапила, каде доста силно се чувствуваше чадот од активниот пожар е мало и со издолжен карактер, каде куќи се наоѓаат на патот, кој води до селото Расино, до кое исто така отидовме. Во Расино е изградена нова црква посветена на „Св. Никола Талалеј“ во 2002 година. Веќе кон крајот на денот, се искачивме до познатото село Скребатно, каде наголемо течеа подготовките во манастирот „Св. Богородица“ за претстојниот празник Голема Богородица. Во селото успешно ги најдовме и останатите две цркви. Сепак, во селото одвај и да има некоја зачувана куќа. Бидејќи беше планот да јадеме во Вила Минами, последното село дента беше Горно Коњско (или само Коњско), до кое води стрмен пат во должина од 3 километри. Со фотографирање на селската црква „Св. Мина“ успешно го завршивме првиот ден. Втор денВториот ден го започнавме од најјужното село во Охридско, односно Љубаништа. Бидејќи многу од црквите во селото беа веќе фотографирани, ние само направивме фотографии од селото, како и од главната селска црква. Подоцна, се упативме кон селото Трпејца, кое иако се наоѓа веднаш до патот, не поседуваше многу фотографии, па ние ја најдовме главната селска црква и направивме фотографии од селото. Во Пештани имавме проблем да ги изнајдеме сите цркви, но успешно ја најдовме средновековната црква „Св. Никола“ и главната селска црква „Св. Кузман и Дамјан“, како и новата црква „Св. Троица“. Следно на список ни беше селото Елшани, кое наликува на селото Горно Коњско, како по патот до него, така и по местоположбата. Селската црква „Св. Илија“ е сместена во селото и преовладува во погледот на селото. Откако се спуштивме од Елшани, отидовме кон селата Долно Коњско, за кое немавме среќа да ја најдеме црквата и се искачивме до Шипокно, над населбата Свети Стефан, каде се наоѓа истоимениот манастир сместен делумно во пештера. Потоа, повторно се искачувавме на Галичица, одејќи кон Велестово, големо село, кое покрај главната селска црква, поседува уште една помала надвор од селото и една манастирска црква пред влезот во селото. Во селото Рамне ги најдовме селската црква „Св. Илија“, сместена над сретселото, каде е сместена бистата на Јасна Ристеска, партизанка. Под селото е сместено и малото манастирче „Св. Атанасиј“, кое припаѓа на селото Рамне. За крајот на денот се упативме кон селата Велгошти и Лескоец. Во двете села се задржавме долго време, бидејќи и двете села имаат над 15 цркви, а до некои од нив беше и тешко да се пристапи. Во Велгошти убаво се изненадивме од црквата „Св. Петка“, сместена на ридот Олмец, пештерната црква „Св. Богородица“, манастирската црква „Св. Илија“ и главната селска црква „Св. Климент Охридски“. Во селото Лескоец имавме малку полесна задача, бидејќи на истиот пат во селото се наоѓаат четири селски цркви: селската црква „Св. Спас“, поновата црква „Св. Никола“ во нејзина близина, црквата „Св. Тома“ и манастирската црква „Св. Наум Охридски“, каде што ја имавме и групната фотографија. ИсходНа крајот на експедицијата, поминавме 24 села и над 700 километри и најверојатно ќе го поставиме рекордот на подигнати фотографии од една експедиција. Галерија
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Четврта експедиција![]() Општина ДолнениСо посетата на Општина Долнени, членовите на Викиекспедиции успешно ги завршија сите предвидени експедиции за 2019 година. И овој пат, составот беше Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски. За разлика од другите експедиции, овој пат тргнавме рано наутро во сабота (19.10.2019). Поради близината и планот да започнеме со посета на селата во западниот дел на Општина Долнени, се упативме преку патот низ природниот резерват „Јасен“, со што заштедивме околу 60 километри. Прв денПрво посетено село беше Дебреште, каде се сместени многу верски објекти. Покрај новоизградените џамии, во селото постои и црквата „Св. Ѓорѓи“, изградена во 1932 година. Од таму, се упативме кон селото Ропотово, каде во поранешниот задружен дом, се наоѓаат подрачни канцеларии на општината и селото служи како средиште за сите околни села. Покрај селската црква, се искачивме и до започнатиот манастир во селото, од каде се пружа одличен поглед на овој дел од Пелагонија. Потоа, планот беше да се движиме кон манастирот Зрзе, па попатно ги фативме и селата Рилево и Сливје. Тука се движевме по земјен пат. Двете села се доста опустошени, полни со руинирани куќи и одвај ги најдовме селските цркви. Селото Зрзе има интересна селска архитектура, додека истоимениот манастир е доста уреден, беше исполнет со верници и посетители. По малата пауза таму, се упативме кон селото Костинци, од кое веќе поседувавме фотографии. Сепак, направивме подобро фотографии и селската црква, која е сместена на патот за селата Маргари и Долгаец, кои се наоѓаат на мала оддалеченост едно од друго. Потоа, отидовме во албанското село Црнилиште, во кое се уредуваше парк на сретселото, но сепак целото село е доста прашливо и неуредено, иако е едно од најголемите во областа. Селото Стровија јасно се гледаше и многу лесно ја воочивме селската црква, но сепак во тесните селски сокачиња успеавме да го утнеме пристапниот пат до нејзе. На крајот, успеавме да дојдеме до нејзе, како и до манастирот над селото, кој има доста уреден двор. Во селото Гостиражни, во кое можевме да забележиме дека се менува етничката состојба, христијаните од селото заедно со иселеници, го обновуваат и доградуваат манастирот над селото. Тука, ја добивме првата покана за ракија на експедицијата :) Веќе кон крајот на денот, отидовме до селото Слепче, во кое исто така се наоѓа манастир. Истоименото село во Демирхисарско, исто така, поседува манастир. Сепак, манастирот во прилепското село се наоѓа во доста запуштена состојба, а пред влезот се наоѓа бачило, а до него и свињарска фарма. Денот го завршивме во селото Браилово, односно во неговиот манастир „Св. Илија“, сместен на рид над селото. Втор ден![]() Бидејќи бевме сместени во Варош, утрото во неделата преку Мажучиште стигнавме многу брзо до првото село од Општина Долнени. Така, набрзо лесно ги поминавме селата Мало Мраморани, Забрчани и Дупјачани. Во Дупјачани повеќе пати ќе се враќаме, бидејќи тоа е средиште за повеќе села од овој дел. Најпрвин, отидовме до Горно Село, до кое води само земјен пат. Црквата сместена на крајот од селото претпоставуваше мал предизвик, но сепак успешно дојдовме до нејзе. Потоа, по асфалтен пат отидовме во селото Небрегово, најмногу познато како родно место на Блаже Конески. Бидејќи спомен-куќата е доста фотографирана, ние се осврнавме на селската црква, која е во доста лоша состојба и на манастирот, до кој води лош земјен пат. Манастирот е доста уреден, иако има лош пристап. Откако по втор пат се вративме до Дупјачани, по асфалтен пат отидовме до селото Дреновци, каде имаа слава во манастирот и бевме поканети на ручек. Воедно, ни се пожалија за асфалтниот пат до селото, кој навистина е во прилично лоша состојба. Оттука, отидовме во селото Десово, кое претставува мешано село. Селската црква сместена на рид преовладува во селото. Мислејќи дека има асфалтен пат, отидовме преку Брајчино во Секирци и Пешталево. Беше интересна авантура и на места имаше добар земјен пат. Откако повторно дојдовме во Ропотово, се упативме кон напуштеното село Дабјани, односно до неговата местоположба на карта, каде затекнавме само темели на некогашните објекти во тоа село, сместени сред ниви. Оттука, отидовме и до некогашниот Аеродром Сарандиново, чија писта е препуштена на пирејот. Пред да го посетиме општинското средиште Долнени, отидовме до селата Бело Поле, Кутлешево и Новоселани. Во Кутлешево е започната нова голема црква, сместена на патот кон Бело Поле. Со фотографирањето на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Новоселани, сега имаме фотографии и од оваа истоимена црква во истоименото село, како битолското Новоселани со црква „Св. Ѓорѓи“. Со фотографирањето на Долнени, селото кое не е најголемо во областа, но е општинско средиште, и селото Сенокос, ја завршивме експедицијата. ИсходСо посетени 30 села и поминати 500 километри, од кои повторно голем дел на земјен терен, ја заокруживме годината 2019, која е најуспешна во поглед на посетени села и направени фотографии.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia