Википедија:Викимедија СИЕ Пролет 2024![]() ЗамислаВикимедија СИЕ Пролет 2024 (Wikimedia CEE Spring 2024) — натпревар кој ќе се одржува од 21 март до 31 мај во организација на викимедијанци и википедијанци од подрачјето на средна и источна Европа (СИЕ) со цел да се поттикне создавањето на статии за сите земји во регионот на секоја Википедија од истиот. Замислата е учесниците од сите земји со здружени сили да да прошират информации за историјата, културата, обичаите и луѓето од секој дел на регионот со цел да се дојде до повисоко ниво на заемно признание и разбирање и да се зголеми количината и квалитетот на слободното знаење за регионот на глобално ниво. Погледајте ја меѓународната страница на проектот. На Википедија на македонски јазикПогледајте ги темите за секоја од земјите во регионот и пишувајте на било која од нив, за било која земја. Натпреварот на македонската Википедија ќе се одржува во периодот од 1 до 30 април 2024 година. НатпреварНастанот ќе се одржи од 1 до 30 април, кога ќе се одржуваат поединечни натпревари за статии на секоја Википедија, задржувајќи се на што повеќе земји од регионот. ЦелиОпштите цели на натпреварот се во склад со начелните цели на Викимедииното движење за обезбедување добар број и квалитет на содржини, како и одржливост на соработката:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia