Википедија:Википедијанци„Википедија:Корисник“ води овде. За правилната употреба на кориснички страници, видете Википедија:Корисничка страница.
![]() Википедијанците/ките се лица што пишуваат и уредуваат статии за Википедија, за разлика од читателите/ките кои само ги читаат статиите и останатите содржини. Секој може да биде Википедијанец/ка, вклучително и вие. Доволно е само да се притисне на врската уреди на почетокот од секоја страница или на почетокот од секое заглавие во статијата. Предложено е дека Википедист/ка би било посоодветно име, како што енциклопедист/ка е некој/а што придонесува на енциклопедија. „Википедијанецот/ката“ е дел од група или заедница како деноним. Во оваа смисла, википедијанци/ки се луѓе кои ја формираат Википедија заедницата. Бројот на сопственици на сметки на Википедија постојано се зголемува и денес има точно 123.393 регистрирани корисници/чки, плус непознат/а, но исто така голем број на нерегистрирани уредувачи/ки. Сепак, повеќето регистрирани корисници/чки не се редовни уредувачи/ки (види Листа на корисници за целосната листа). Детални статистички податоци за Википедија се достапни на овде. Разновидноста на википедијанците/ките ги прави скоро невозможни можните категорични тврдења за википедијанците/ките како целина. Информации за повеќето регистрирани корисници/чки можат да се најдат на нивните кориснички страници. Сепак, корисниците/чките не се обврзани да ги создаваат овие страници или да ставаат информации на нив, тоа е по избор и може да биде избегнато. Некои википедијанци/ки ги пречекуваат новите корисници; некои википедијанци/ки ги наградуваат оние за кои чувствуваат дека заслужиле награда. Некои подигнуваат слики; некои работат на статии за историјата; некои ги поправаат граматичките грешки; а пак други работат на отстранување на вандализам. Некои ги прават сите овие задачи. Без разлика која задача некој/а ќе ја одбере, трудот на секој/а википедијанец/ка е скапоцен. Поврзано
Корисници/чкиВрз основа на корисничките права, се разликуваат следниви кориснички групи[1]: [исчисти]
Забелешка: Некои кориснички групи (како што се надзорниците) дејствуваат глобално и тие не се бирани од месната заедница и за нив не важат месните правила. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia