Википедија:Викисредба (11 февруари 2013)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija Википедија:Викисредба/Содржина Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата:
Потврдено присуство
ДискусијаИма некој итен повод за оваа средба или ја правиме само за видување?--Вик Ретлхед (разговор) 15:58, 5 февруари 2013 (CET)
Многу би сакал да присуствувам.. но за жал... --M4r51n (разговор) 19:32, 5 февруари 2013 (CET)
ПрисутниВикисредбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаВо EveryDay пристигнав заедно со Тони, а таму веднаш го затекнавме Марио, кому ова му беше прво присуство на една Вики-средба. Веднаш седнавме и откако се претставивме еден на друг, започнавме интересен разговор за уличните номенклатура во Македонија и адмиистративната поделба на градот Скопје. Притоа, зборувавме за потешкотиите коишто настануваат при точното одредување на местоположбата на некој објект, како и за нелогичноста во неговата распореденост на самата улица. По извесно време, на средбата се појави и Димче, а темата на којашто го продолживме разговорот се однесуваше во врска со македонските села, нивната населеност и некои одлики на населението од тој крај. Се изнесоа доста интересни факти на оваа тема, а Марио дури спомена дека во НУБСК пронашол книга за селата во Македонија, којашто ја користел при уредувањето на содрини на Википедија на македонски јазик. Понатаму, се зборуваше и за тоа дали усните преданија на мештаните од одредени краишта може да се сметаат за веродостоен извор на Википедија или не. Некаде околу 19 часот нѝ се придружи и Игор, па со неговото доаѓање конечно започнавме некои од темите поврзани со неодамнешните активности на Викимедија Македонија и новости за Википедија на македонски јазик. Во таа пригода, Димче нè извести дека неговото предавање и видео-презентацијата[1] пред професорите и присутните од шест градови во земјава поминале успешно, што поттикнало голем интерес за понатамошна соработка и воведување на Википедија во образованието. Исто така, тој спомена и дека корисникот M4r51n завршил одлична работа со одржувањето на презентација[2] во своето училиште во Охрид, а сите имавме можност и да погледнеме фотографии од самото предавање. По некој збор се размени и за соработката со Економскиот факултет во Скопје, којашто оваа година се очекува да продолжи со уште помасовни активности. Во продолжение, со Марио започнавме разговор за рускиот јазик, а потоа се префрливме на чешкиот и разговаравме за неговите сличности со македонскиот, по што тој не отпоздрави и си замина. По заминувањето на Марио, продолживме со различни теми, а во меѓувреме ни се придружи и Цобе. Тој нѝ соопшти дека е можно да имаме излагање во врска со Википедија на конференцијата Engage[3] којашто на 24 февруари ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Кон тоа, јас се надоврзав и со информацијата дека истовремено е веројатно дека ќе присуствувам на конференција во Приштина, каде што како гостин-предавач треба да се произнесам со излагања на теми од областа на Википедија во образованието. Во понатамошниот дел од средбата, Димче спомена одлична идеја за проект, којшто има за цел воведување на предавања за Википедија пред поширока публика во слободните Интернет-центри ширум земјава. Со тоа, знаење во врска со уредувањето на Википедија би можел да стекне секој, а меѓу нив и некои постари лица како можни идни уредувачи. До крајот на средбата отворивме и интересна дискусија во врска со програмите за вработување и работните места во банките низ земјава. Средбата заврши нешто по 21 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:16, 12 февруари 2013 (CET)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia