Википедија:Викисредба (1 октомври 2009)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Википедија:Викисредба/Содржина
Дневен ред
Присуството го потврдија
Не можат да присуствуваат
Диксусија
Мене не ми е проблем сабота или недела. Работата е што постојано ја презакажуваме средбата. Соопштението го читаат многу корисници, па не ми изгледа паметно да ја одложуваме средбата, како што беше случај минатиот пат.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:26, 27 септември 2009 (UTC)
Извештај од средбатаВикисредбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
По солидната посетеност на претходната Викисредба, на оваа Викисредба повторно се случи да присуствуват помал број на корисници, од бројот на оние кои потврдија присуството. Околу 16 часот се сретнав со Arwena, чекајќи ја Виолетова, која и овој пат ни овозможи да се состанеме во просториите на Првото пензиско друштво. По нејзиното пристигнување, започнавме да ја пдготвуваме просторијата и да разговараме за можностите кои може да ги искористиме со работата на Викимедија Македонија. По кратко задоцнување пристигна и Brest, кој го состави дневниот ред за оваа средба и со кој започнавме да разговараме, следејќи ги точките од дневниот ред. Одлучивме што е можно побрзо да го регистрираме здружението и да отвориме сметка во банка. Последен на средбата пристигна Милош, со кој продолжи разговорот околу проектите на здружението и начините на обезбедување на финансиски средства. Во меѓувреме, Виолетова гин подготви изјавите за деловна способност, кои мора да ги потпишат сите основачи. Присутните се потпишавме, а беше одлучено останатите основачи, овие изјави да ги потпишат откако најпрвин ќе ги добијат по електронски пат и истите ќе ги отпечатат. Втора важна работа за која се разговараше на средбата беше внесувањето на статии за археолошките наоѓалишта, во чија подготовка се вклучени Brest и Arwena. Внесувањето на овие статии, би не доближило до посакуваниот број од 40.000 статии, со што би можела да биде вратена врската до Главната страница на Википедија на македнски во јазичната кутија на Главната страница на Википедија на англиски. Имаше идеја и ова масовно внесување да биде дел од некој проект на Викимедија Македонија. По заминувањето на Arwena, којашто имаше обврски и мораше да ја напушти средбата порано, се обрна внимание и на организациската структура на Викимедија Македонија, а мислењето остана исто како и при формирањето на Иницијатовниот одбор. Brest да биде претседател, Kiril Simeonovski благајник, а истовремено и потпретседател за финансии, а од потпретседателите FlavrSavr да биде потпретседател за односи со јавноста. Средбата заврши околу 18 часот и 30 минити.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:20, 1 октомври 2009 (UTC) За следната средбаОсобено значајно, а тоа го заклучија и присутните на средбата е да се прави разлика меѓу поимите Викисредба, која се однесува за дружење на корисниците на Википедија и Викимедја средба, која ќе се однесува за состанување на членовите на организацијата. Во план е поистоветувањето да престане по одржувањето на наредната средба, која е во план за околу десетина дена и ќе се однесува за активностите околу регистрирањето на здржението и сите поединости поврзани со тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:25, 1 октомври 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia