Википедија:За ВикипедијаВикипедија е едно од најпосетуваните места на семрежјетоВикипедија формално започна во јануари 2001 како проект за на енциклопедија со слободна содржина кон која секој може да даде придонес. Години потоа, страниците на Википедија се појавуваат на врвот од скоро секое пребарување на Google. Википедија стана првото место каде што милиони луѓе одат за да научат некој факт набрзина или за да започнат некое поширок о истражување. ![]() Изданија на Википедија постојат .во повеќе од 200 јазици со заеднички збир од неколку милиони статии. Ова издание е на македонски јазик. Сите изданија го користат истиот основен софтвер, МедијаВики. Сите се сопственост на Фондацијата Викимедија, непрофитна организација од САД која исто така оперира со и број други соработни проекти на семрежјето, вклучувајќи ги: Заедничката ризница, Викиизвор, Викиречник, Викивидови, Викивести, Викикниги, Викицитат и Викиуниверзитет. Википедија успева да функционираСекое јазично издание на Википедија се раководи самостојно и тоа скоро целосно преку трудот на десетици илјади неплатени волонтери. Фондацијата Викимедија има само мал платен персонал, вклучувајќи неколку програмери. На Википедија никогаш не ѝ фалеле скептичари.
Овие прашања ги истакнуваат неизбежните недостатоци на пристапот „секој може да уредува“ во создавањето на енциклопедија на интернет. Википедија секогаш ќе биде дело во развивање, а не завршен производ. Она што на скептичарите им бега од поглед е фактот што дозволата за секого да уредува до сега покажа неверојатна сила. Во свет каде што околу милијарда и нешто луѓе имаат пристап до интернет, милиони луѓе имаат дадено придонес на Википедија и нивниот број се зголемува секој ден. Како резултат на ова, мнозинството од милионите статии на различните википедии се со пристоен квалитет иако многу од нив, не исклучувајќи ги и оние на овој проект, се многу мали. Доменот Wikipedia.org е меѓу најпосетените на интернет, бидејќи не постои слободна алтернатива за поголемиот дел од информациите на Википедија. Предвидувањата на критичарите дека ограничувањата на Википедија ќе ја осакатат досега не се остварија. Што ја прави Википедија успешна?Еве неколку причини:
Википедија на македонски јазик е во својот развоен зачеток и има потреба од покривање на многу енциклопедиски теми преку помош од волонтери, помош која Вие можете да ја дадете. Како што Википедија расте и бројот на уредници, уредувања на ден и вкупен број на статии се зголемуваат, ќе се менува нејзиниот фокус кон нагласување на квалитетот преку начин кој ќе се одрази на секојдневното уредување на корисниците и тоа ќе биде еден од нејзините најголеми предизвици. |
Portal di Ensiklopedia Dunia