1 март 2019
|
2 март 2019
|
 Аркади во Националниот музеј во Копенхаген.
|
 Врховниот суд на Австралија во Канбера. Изграден е во 1980 г. во бруталистички стил.
|
3 март 2019
|
4 март 2019
|
 Љубовта на Парис и Елена (1788) од Жак-Луј Давид.
|
 Приказ на геолошкиот процес на подвлекување.
|
5 март 2019
|
6 март 2019
|
 Фудбалерката Џо Вилсон — напаѓач од екипата „Лондонски пчели“ на подготовка во март 2017 г.
|
 Вечерен поглед на Сојузната канцеларија во Берлин. Изградена е во постмодерен стил и отворена во 2001 г.
|
7 март 2019
|
8 март 2019
|
 Огроздна земјомерка (Abraxas grossulariata) во Оксфордшир, Англија.
|
 Ограда со цвеќе во Санторини, Грција.
|
9 март 2019
|
10 март 2019
|
 Домот „Паул Лебе“ во Берлин, здание во состав на Сојузното собрание (Бундестагот). Дело на архитектот Штефан Браунфелс, изграден помеѓу 1997 и 2002 г.
|
 Караван од камили како превезува сол од езерото Карум во регионот Афар, Етиопија.
|
11 март 2019
|
12 март 2019
|
 Богородичната црква во Минхен — главно обележје на градот.
|
 Зимски поглед на црквата „Св. Никола Летен“ во Маврово, изградена во 1850 г. и потопена при изградбата на во Мавровското Езеро во 1953 г.
|
13 март 2019
|
14 март 2019
|
 Поранешниот манастир „Св. Трудперт“ кај Минстертал во Шварцвалд, Германија.
|
 Глава на стриеста чапја (Butorides striata javanica) во Куала Лумпур, Малезија.
|
15 март 2019
|
16 март 2019
|
 Седиштето на Автомобилскиот сојуз на Германија (ADAC) во Минхен.
|
 Угандски блатни јарци (Kobus kob thomasi, женка и младо) во резерватот Семлики, Уганда.
|
17 март 2019
|
18 март 2019
|
 Во воздухот (Airborne, 2008) — уметничка инсталација на Кристофер Клајн во облик на молекула од гас. Поставена е пред седиштето на хемиското претпријатие „Линде“ во Минхен.
|
 Прелетна слика на Курскиот Провлак во Калининградската Област, Русија.
|
19 март 2019
|
20 март 2019
|
 Поглед на древниот град Персеполис, на 60 км североисточно од Шираз, Иран. Основан е во 515 г. пр. н.е. и служел како церемонијална престолнина на Персиското Царство во времето на Ахеменидите.
|
 Европскиот пат Е75 низ Крит.
|
21 март 2019
|
22 март 2019
|
 Патничкиот крстосувач „Силја серенејд“ во архипелагот на Стокхолм.
|
 Квечерина над градот Торонто.
|
23 март 2019
|
24 март 2019
|
 Едреник во Ле Гро ди Роа, јужна Франција.
|
 Олтар на црквата „Св. Катерина“ во Фрајштат, Горна Австрија. Непознат мајстор од Дунавската школа, ~ 1520 г.
|
25 март 2019
|
26 март 2019
|
 Едно од шесте дворишта на Абасискиот дом (XVIII в.) во Кашан, Иран.
|
 Рајхстагот (лево) и Домот „Паул Лебе“ (десно) во Берлин, со реката Шпре во преден план.
|
27 март 2019
|
28 март 2019
|
 Црвена луња (Milvus milvus) кај Обернберг на Ин, Австрија.
|
 Маглината N159 во Големиот Магеланов Облак.
|
29 март 2019
|
30 март 2019
|
 Ајда Хастед Харпер (1851 - 1931) — американска писателка, новинарка и поборник за правото на глас на жените.
|
 Молец од видот Attacus taprobanis (женка), припадник на семејството на пауновците (Saturniidae).
|
31 март 2019
|
|
 Нагорен поглед во манастирската црква во Херцеговинска Грачаница над Требиње, Република Српска. Претставува верна копија на познатиот манастир Грачаница (1321) на Косово.
|
|