Википедија:Избрана статија/2007/42
Уште додека Рембо е жив, Гароти ќе го нарече „водач на декадентската школа“. Во „Манифестот на надреализмот“ Андре Бретон ќе напише: „Рембо е надреалист во практиката на животот и другаде“. За католички расположениот Клодел тој е „мистик во дива состојба“, за Ками - „авантурист на апсурдот“, за Сартр - „еден егзистенцијалистички поет“. Пол Валери пак ќе го смета Рембо за еден од своите два омилени поети (покрај неговиот учител Стефан Маларме). Боб Дилан ќе рече дека неговото животно мото се врти околу Рембоовото „Je est un autre“ (Јас - тоа е некој друг). Ван Морисон ќе му посвети една прекрасна песна „Tore Down a la Rimbaud“, а Пати Смит ќе ја препее неговата поезија на англиски. Џим Морисон и Пабло Пикасо од Рембо ќе направат слика на архетипен бунтовник. Повеќе од еден век по неговата смрт, Рембо не престанува да биде причина за бројни дискусии и контроверзии во литературниот свет. |
Portal di Ensiklopedia Dunia