Википедија:Избрана статија/2008/30Монголскиот јазик ( Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 или 1225 година. Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (декрети), кинески карактери, Тајната историја на монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи. Овие натписи и текстови го претставуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па сè до раниот 15 век или 16 век. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни лингвистички одлики и се често разделени со именување на наивниот јазик како пред-класично пишување на монголски јазик. Класичниот монголски јазик датира од 17 па сè до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во ортографијата и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул, како и неколку колекции на хроники.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia