Википедија:Избрана статија/2025

Гласање за избрана статија

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 35, 25.8.2025 - 31.8.2025
Фотографии од Ерос, направени на 12 февруари 2000 година
Фотографии од Ерос, направени на 12 февруари 2000 година

Близуземски теламали тела во Сончевиот Систем чија орбита ги носи во близина на Земјата. По дефиниција, близуземски астероид е тело од Сончевиот Систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (АЕ). Доколку орбитата на близуземјиниот астероид минува низ Земјината орбита и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ). Најпознати БЗА и ПОТ се астероидите.

Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети, и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.

Засновано на орбиталните пресметки на БЗА, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗА имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0. (Дознајте повеќе...)


Седмица 34, 18.8.2025 - 24.8.2025
Човечки папиломен вирус
Човечки папиломен вирус

Човечки папиломен вирус (HPV, од анг. human papillomavirus) — папиломен вирус, кој ја инфицира кожата и слузните ципи кај луѓето. Многу е поопасен за жени, отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе, кои се заразени од HPV, не знаат дека го имаат вирусот.

Околу 30-40 типови на HPV, вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV, кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици, можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови, не предизвикуваат болест.

За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички, пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно, низ целиот свет. HPV- вакцините, гардасил и церварикс, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV. (Дознајте повеќе...)


Седмица 33, 11.8.2025 - 17.8.2025
Ветерни турбини во Венсисел, Данска
Ветерни турбини во Венсисел, Данска

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 32, 4.8.2025 - 10.8.2025
Карта на Полско-литванската Државна Заедница во 1635 година
Карта на Полско-литванската Државна Заедница во 1635 година

Полско-литванската Државна Заедница претставувала федерација меѓу Кралството Полска и Големото Кнежевството Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа. Полско-литванската Државна Заедница се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена верска трпеливост, којашто сепак, со тек на време се менувала.

Сојузот имал некои специфични одлики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се одликувал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата, уставната монархија и федерацијата. Двете земји, кои го сочинувале сојузот биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнер во сојузот.

По неколку декади на моќ, за време на Златниот век на заедницата, државата се соочила со период на политичко, воено и економско опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од 18. век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил воведен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја. (Дознајте повеќе...)


Седмица 31, 28.7.2025 - 3.8.2025
Поглед на Вевчани
Поглед на Вевчани

Вевчани — село во областа Дримкол во околината на градот Струга во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, при што претставува единствената општина во Македонија со само едно населено место.

Селото се наоѓа во западниот дел на Струшко Поле, во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Неговиот атар се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, селото е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри. Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа е единствен случај во Македонија, само една населба да претставува засебна општина. Соседни села на Вевчани се: Подгорци на север, Октиси на југ, Велешта на исток и Горна Белица на југозапад.

Името на Вевчани потекнува од старословенскиот збор вес, кој значи село. Додавајќи наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во 17. век е нарекувано и Вешчано, а во 20. век се користи името Вехчани, за конечно да се прифати официјалното денешно име Вевчани. (Дознајте повеќе...)


Седмица 30, 21.7.2025 - 27.7.2025

Гравитациски бран — бранување на закривеноста на време-просторот кој се придвижува како бранови, кои се движат од изворот. Можноста за постоење на гравитациски бранови е првпат спомната во 1893 година од страна на Оливер Хевисајд кој ја искористил споредбата меѓу обратнопропорционалноста на квадратот на законите за гравитација и електричество. Во 1905 година Анри Поанкаре прв ги преложил гравитациските бранови (ondes gravifiques) кои се оддадени од тела и се движат со брзина на светлината според Лоренцовите трансформации. Нивното постоење е предвидено во 1916 година од страна на Алберт Ајнштајн врз основа на теоријата на општата релативност, гравитациските бранови ја пренесуваат енергијата како „гравитациско зрачење“. Постоењето на гравитациските бранови е можна последица на Лоренцовата коваријанса на општата релативност бидејќи ја воведува идејата за конечна брзина на движењето и физичките заемодејства со тоа движење. За споредба, гравитациските бранови не можат да постојат во Њутновата теорија за гравитација, која тврди дека физичките заемодејства се движат со бесонечни бризини.

Пред директонот забележување на гравитациските бранови имало непосредни докази за нивното постоење. На пример, мерењата на Хулс–Тејлоровиот двоен систем предвидувале дека гравитациските броеви се повеќе од хипотетичка замисла. Можните извори за забележување на гравитациските бранови биле системите од двојни ѕвезди составени од бели џуџиња, неутронски ѕвезди и црни дупки. На 11 февруари 2016 година, здружените екипи во соработка ЛИГО и Вирго објавиле дека успеале за првпат директно да ги забележат гравитациските бранови кои потекнувале од пар на црни дупки кои биле во процес на спојување, користејќи ги детекторите на Напредниот ЛИГО. (Дознајте повеќе...)


Седмица 29, 14.7.2025 - 20.7.2025
Џ. Р. Р. Толкин во 1940-тите
Џ. Р. Р. Толкин во 1940-тите

Џон Роналд Руел Толкин (1892 — 1973) — англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пемброук од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како „Инклингс“. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на британската империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“, раскази и настани кои се делумно засновани на нордиската митологија.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и постоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика“— или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“. Од друагата страна пак. „Forbes“ го рангирал на 5 место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009. (Дознајте повеќе...)


Седмица 28, 7.7.2025 - 13.7.2025
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

Генетика (од старогрчки γενετικός генетикос, „да роди“ и од γένεσις генезис, „потекло“) — гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)


Седмица 27, 30.6.2025 - 6.7.2025

Тур де Франс 2015 — 102. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката долга 3360,3 километри започнала во Утрехт, Холандија, на 4 јули 2015 година и завршила со етапа на Шанзелизе во Париз на 26 јули. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место биле освоени од возачите на Мовистар Тим, Наиро Кинтана и Алехандро Валверде, соодветно.

Возачот на Ванти-Груп Гобер, Роан Денис ја освоил првата етапа и со тоа прв ја облекол водечката жолта маичка. Возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара ја освоил на втората етапа, но ја изгубил веќе на следната етапа. Тука, Фрум влегол во водство, по првата завршница на нагорнина. Ја изгубил од возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин на крајот на четвртата етапа, но повлекувањето на Мартин од трката по падот на шестата етапа го вратило Фрум во водство. Го зголемувал своето водство во текот на етапите на Пиринеите и успешно го одбранил од нападите на Кинтана во текот на завршните етапи на Алпите.

Фрум станал првиот британски возач кој двапати го освоил Тур, по неговата победа во 2013 година. Петер Саган од Тинкоф-Саксо го освоил бодовниот пласман. Фрум, исто така, го освоил планинскиот пласман. Најдобар млад возач бил Кинтана, а неговата екипа, Мовистар Тим, победници на екипниот пласман. На Ромен Барде од Аг2р-Ла Мондијал му била доделена наградата за најборбен возач. (Дознајте повеќе...)


Седмица 26, 23.6.2025 - 29.6.2025

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 25, 16.6.2025 - 22.6.2025
Тврдината на Ладислав Кан во Дева
Тврдината на Ладислав Кан во Дева

Средновековна Романија — историјата на денешна Романија во текот на средниот век. Средновековната историја на Романија започнува со повлекувањето на Монголците, последното население што мигрирало поради напади и освојување на територијата на денешна Романија во 1241-1242 година. Трите територии кои денеска ја сочинуваат Романија (Влашка, Молдавија и Трансилванија) биле обединети во времето на Михаил Храбриот (1593-1601).

Во поголемиот дел од овој период, Банат, Кришана, Мармарош и Трансилванија - денес региони во Романија западно од Карпатите, биле дел од Кралство Унгарија. Тие биле поделени во неколку видови административни единици, како окрузи или места. На чело на секој регион се наоѓал кралски официјален претставник наречен војвода. Во кралството, романските селани, како православни, биле ослободени од десетокот, црковен данок што требало да го плаќаат сите римокатолички христијани. Сепак, романските благородници полека ја изгубиле способноста да учествуваат во политичкиот живот, бидејќи монарсите од 14 век воделе погрешна политика. Нивната позиција станала уште полоша по 1437 година, кога била формирана таканаречениот Сојуз на три нации — унгарските благородници, Секели и Саксонци, со цел да го уништат Трансилваниското востание.

Влашка, првата независна средновековна држава помеѓу Карпатите и долниот дел на Дунав била создадена кога Басараб I (1310-1352) ја прекинал сизаренството на унгарскиот крал со неговата победа во Битката кај Посада во 1330 година. Независноста на Молдавија, на исток од Карпатите, го постигнал Богдан I (1359-1365), благородник од Мармарош, кој го предводел револтот против поранешниот владетел кој бил назначен од унгарскиот монарх. Трансилванија, заедно со соседните земји, добила статус на автономна држава под османлиски владетел откако централните територии на Кралство Унгарија биле припоени од страна на Османлиите во 1541 година. Падот на царството, исто така, им ја одзело власта на Влашка и Молдавија на нивниот главен сојузник во борбата против Отоманското царство. Во 1594 година, Михаил Храбриот се приклучил на анти-отоманската алијанса иницирана од папата Климент VIII. (Дознајте повеќе...)


Седмица 24, 9.6.2025 - 15.6.2025
Уметничко толкување кое го прикажува животот на масивна ѕвезда како јадрено соединување ги претвора полесните елементи во потешки. Кога соединувањето повеќе не создава доволно притисок за да се спротивстави на гравитацијата, ѕвездата брзо колабира и настанува црна дупка. Теоретски, енергијата може да се ослободи за време на колапсот долж оската на вртење за да настане гама-изблик.
Уметничко толкување кое го прикажува животот на масивна ѕвезда како јадрено соединување ги претвора полесните елементи во потешки. Кога соединувањето повеќе не создава доволно притисок за да се спротивстави на гравитацијата, ѕвездата брзо колабира и настанува црна дупка. Теоретски, енергијата може да се ослободи за време на колапсот долж оската на вртење за да настане гама-изблик.

Гама-изблик — неизмерна енергетска експлозија кои се забележани во далечните галаксии, кои се најсветлите и најкрајните експлозивни настани во целиот универзум, како што ги опишува НАСА, изблиците се како „најмоќна класа на експлозии во универзумот“. Тие се најенергичните и најсветлите електромагнетни настани од Големата експлозија. Гама-изблиците може да траат од десет милисекунди до неколку часа. По првичниот блесок на гама-зраците, емитуван е „проследен сјај“, кој е подолготраен и обично е емитуван на подолги бранови должини (рендгенски, ултравиолетови, оптички, инфрацрвени, микробранови и радио).

Гама-изблиците првпат биле откриени во 1967 година од сателитите Вела, кои биле дизајнирани да забележуваат тајни тестови за јадрено оружје; по темелна анализа, ова било објавено во 1973 година. По нивното откритие, стотици теоретски модели биле предложени за објаснување на овие изблици, како што се судирите меѓу кометите и неутронските ѕвезди. Малку информации биле достапни за да бидат потврдени овие модели сè до откривањето на првите рендгенски и оптички последователни блесоци во 1997 година и директно мерење на нивните црвени поместувања со помош на оптичка спектроскопија, а со тоа и нивните растојанија и енергетски излези. Овие откритија, и последователните студии на галаксиите и суперновите поврзани со изблиците, ја разјасниле оддалеченоста и сјајноста на гама-изблиците, дефинитивно ставајќи ги во далечните галаксии. (Дознајте повеќе...)


Седмица 23, 2.6.2025 - 8.6.2025
„Молитва во куќата на главниот арнаут“ од Жан-Леон Жером (1857)
„Молитва во куќата на главниот арнаут“ од Жан-Леон Жером (1857)

Исламизација на Албанија — процес на прифаќање на исламот од страна на населението во Албанија којшто се случил како резултат на османлиското освојување на земјата во доцниот XIV век. Османлиите преку својата администрација и војска го донеле исламот во Албанија преку разни политики и даночни олеснувања, трговски мрежи и транснационални верски врски. Во првите неколку векови на османлиското владеење, ширењето на исламот во Албанија било бавно и главно се интензивирало во текот на XVII и XVIII век, делумно поради поголемата османлиска општествена и воена интеграција, гео-политички фактори и колапс на црковните структури. Тоа бил еден од најзначајните случувања во албанската историја бидејќи Албанците во Албанија преминале од претежно христијанско (католичко и православно) население во население кое е главно муслиманско (сунити, бекташки и некои други секти), притоа задржувајќи ги значајните етнички христијански малцинства во одредени региони.

Во текот на XVI и XVIII век, христијанските Албанци исто така биле присилно преобратени во ислам преку грубо насилство, малтретирање и зголемени даноци од Османлиите. Овој третман ги предизвикало албанските бунтови од 1433-1439, 1452, 1480-81, 1506-07, 1519-20, 1594, 1601-02, 1621, 1614, 1618, 1683-84, 1737, 1833-39, 1844 и 1850. Иако Албанците одржувале криптохристијанска култура, позната како „Ларамани“, оние кои се обиделе да се вратат на христијанството, охрабрени од папата Климент XI, се соочиле со смртна казна според отоманскиот закон. На крајот, Албанците ги надминале другите балкански групи во османлиската владејачка класа и добиле преовладувачка позиција и влијание, и покрај тоа што биле малку на број. (Дознајте повеќе...)


Седмица 22, 26.5.2025 - 1.6.2025
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рендгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)


Седмица 21, 19.5.2025 - 25.5.2025
Монтиран скелет од Apatosaurus louisae, Музеј на природната историја, Карнеги
Монтиран скелет од Apatosaurus louisae, Музеј на природната историја, Карнеги

Сауроподиклад од сауриски диносауруси. Сауроподите имале многу долг врат, долги опашки, мали глави (во однос на остатокот од нивното тело) и четири дебели нозе како столбови. Тие се познати по огромните големини што ги достигнале некои видови, а групата ги вклучува најголемите животни што некогаш живееле на копно. Добро познати родови вклучуваат Брахиосаурус, Дилподокус, Апатосаурус и Бронтосаурус.

Најстарите познати недвосмислени диносауруси од сауропод се познати уште од раната јура. Исаносаурус и Антетонитрус првично биле опишани како сауроподи од периодот на тријас, но нивната возраст, а во случајот и на Антетонитрус, исто така, и неговиот статус на сауропод, потоа биле доведени во прашање. Сауроподоморфните патеки слични на Сауропода од формацијата Флеминг Фјорд (Гренланд) може, сепак, да укажуваат на појава на групата во доцниот тријас. Од крајот на јурата (пред 150 милиони години), сауроподите станале широко распространети (особено диплодоцидите и брахиосауридите). Во Доцната Креда, една група сауроподи, титаносаури, ги заменила сите други и имале скоро глобална распространетост. Како и да е, како и со сите други не-птичји диносауруси, живи во тоа време, титаносаурусите изумреле во настанот на исчезнување креда-палеоген. Фосилизирани остатоци од сауроподи биле пронајдени на секој континент, вклучително и на Антарктикот.

Називот „Сауроподи“ е смислен од Отниел Марш во 1878 година и потекнува од грчки, што значи „стапало на гуштер“. Сауроподите се една од најпрепознатливите групи на диносауруси и станале термин во популарната култура поради нивната импресивна големина. (Дознајте повеќе...)


Седмица 20, 12.5.2025 - 18.5.2025
Јупитеровата месечина Ија, сликана од леталото „Галилео“, 1999 г.
Јупитеровата месечина Ија, сликана од леталото „Галилео“, 1999 г.

Ија — внатрешната и третата најголемата од четирите Галилееви месечини на планетата Јупитер. Малку поголема од Месечината, Ија е четврта по големина месечина во Сончевиот Систем, има најголема густина од која било месечина и има најмала количина на вода (по атомски сооднос) од кој било познат астрономски објект во Сончевиот Систем. Ија била откриена во 1610 година од Галилео Галилеј и своето име ја добила по митолошкиот лик Ија, свештеничка на Хера која станала една од љубовниците на Зевс.

Со повеќе од 400 активни вулкани, Ија е геолошки најактивниот објект во Сончевиот Систем. Оваа екстремна геолошка активност е резултат на плимното загревање од триењето што се создава во внатрешноста на Ија додека се влече помеѓу Јупитер и другите галилееви месечини - Европа, Ганимед и Калиста. Неколку вулкани произведуваат облаци од сулфур и сулфур диоксид кои се искачуваат до 500 км над површината. Површината на Ија е исто така испреплетена со повеќе од 100 планини кои се подигнати со голема компресија во основата на силикатната кора на Ија. Некои од овие врвови се повисоки од Монт Еверест, највисоката точка на површината на Земјата. За разлика од повеќето месечини во надворешниот Сончев Систем, кои главно се состојат од воден мраз, Ија е првенствено составена од силикатни карпи кои опкружуваат стопено јадро од железо или железен сулфид. Поголемиот дел од површината на Ија е составен од обемни рамнини со ладен слој од сулфур и сулфур диоксид.

Вулканизмот на Ија е одговорен за многу од неговите уникатни одлики. Неговите вулкански облаци и лавински текови предизвикуваат големи површински промени и ја бојат површината во различни суптилни нијанси на жолта, црвена, бела, црна и зелена, најмногу поради алотропите и соединенијата на сулфур. Бројни обемни текови на лава, неколку повеќе од 500 километри во должина, ја означуваат површината. Материјалите произведени од овој вулканизам ја сочинуваат тенката, нерамна атмосфера на Ија и обемната магнетосфера на Јупитер. Вулканското исфрлање на Ија, исто така, произведува голем плазма тор околу Јупитер. (Дознајте повеќе...)


Седмица 19, 5.5.2025 - 11.5.2025
Првиот предложен облик од Андреј Кулша
Првиот предложен облик од Андреј Кулша

Проширен периоден систем — теоретизиција за хемиски елементи кои не се дел од познатите и докажани елементи. Елементот со највисок познат атомски број е оганесон (Z = 118), со што се комплетира седмата периода (ред) во периодниот систем. Сите елементи во осмата периода и по нив остануваат чисто хипотетички односно неоткриени.

Елементите надвор од 118 ќе бидат поставени во дополнителни периоди кога ќе бидат откриени, поставени (како и со постојните периоди) за да се насликаат периодично повторливи трендови во својствата на елементите. Сите дополнителни периоди се очекува да содржат повеќе елементи од седмата периода, бидејќи се пресметува дека имаат дополнителен таканаречен g-блок, кој содржи најмалку 18 елементи со делумно пополнети g- орбитали во секој период. Табела од осум периоди што го содржи овој блок била предложена од Глен Т. Сиборг во 1969 година. Првиот елемент од g-блокот може да има атомски број 121, и затоа би го имал систематското име унбиуниум. И покрај многуте пребарувања, ниту еден елемент во овој регион не е синтетизиран или откриен во природата.

Според орбиталното приближување во квантните механички описи на атомската структура, g-блокот би одговарал на елементи со делумно исполнети g-орбитали, но ефектите на спојување спин-орбита значително ја намалуваат валидноста на орбиталното приближување за елементи со висок атомски број. Верзијата на Сиборг за продолжениот период имала потешки елементи по моделот поставен од полесни елементи, бидејќи не ги земала предвид релативистичките ефекти. Моделите кои ги земаат предвид релативистичките ефекти предвидуваат дека моделот ќе биде несовршен. Пека Пијке и Буркхард Фрике употребувале компјутерско моделирање за да ги пресметаат местоположбите на елементите до Z = 172 и откриле дека неколку се поместени од Маделунговото правило. Како резултат на несигурноста и варијабилноста во предвидувањата на хемиските и физичките својства на елементите над 120, моментално не постои спогодба за нивното сместување во продолжениот периоден систем. (Дознајте повеќе...)


Седмица 18, 28.4.2025 - 4.5.2025
Скелет од S. stenops („Софи“), Музеј на природна историја, Лондон
Скелет од S. stenops („Софи“), Музеј на природна историја, Лондон

Стегосаурус — род на тревојадно тиреофорски диносаурус. Фосилите од овој род потекнуваат од доцниот период на Јура, каде што се наоѓаат во кимериџанските до раните титонски слоеви на возраст меѓу 155 и 150 милиони години, во западниот дел на САД и Португалија. Од видовите кои биле класифицирани во горната формација Морисон на западниот дел на САД, само три се универзално признати; S. stenops, S. ungulatus и S. sulcatus. Пронајдени се остатоци од над 80 поединечни животни од овој род. Стегосаурусот живеел покрај диносаурусите како Апатосаурус, Диплодокус, Брахиосаурус, Алосаурус и Цератосаурус; последните два можеби го напаѓале.

Стегосаурусите биле големи, силно изградени, тревојадни четириножни животни со заоблени грбови, кратки предни екстремитети, долги задни екстремитети и опашки држени високо во воздухот. Поради нивната карактеристична комбинација на широки, исправени плочи и опашка со шило (тагомизер), Стегосаурусот е еден од најпрепознатливите видови диносауруси. Функциите на овие низи од плочи и шила е предмет на многу шпекулации меѓу научниците. Денес, општо е согласно дека нивните шилести опашки најверојатно се користеле за одбрана од грабливци, додека нивните плочи можеби се користеле првенствено за прикажување, а секундарно за терморегулаторни функции. Стегосаурусот имал релативно низок однос на мозокот со телото. Имал краток врат и мала глава, што значи дека најверојатно јадел грмушки. Еден вид, Stegosaurus ungulatus, е најголемиот познат од сите стегосауруси (поголем од сродните диносауруси како што се Кентросаурус и Хуајангосаурус). (Дознајте повеќе...)


Седмица 17, 21.4.2025 - 27.4.2025
Ќосем со синот Мурат или Ибрахим
Ќосем со синот Мурат или Ибрахим

Ќосем (околу 1589 – 1651) — сопруга на османлискиот султан Ахмед I, валиде султан како мајка на султаните Мурад IV и Ибрахим, и бујук („регент“) на султанот Мехмед IV од 1649 година. Таа станала една од најмоќните и највлијателните жени во отоманската историја, како и централна фигура во периодот познат како Султанат на жените.

Родена во Тинос во семејство на грчки православен свештеник, таа била киднапирана и продадена како робинка во Босна пред да биде испратена во царскиот харем во Цариград, османлискиот главен град. Таму таа се прославила, станувајќи миленичка на султанот Ахмед I, кој подоцна се оженил со неа и ја направил негова законска сопруга. Со текот на времето, нејзиното влијание врз султанот се зголемило и таа станала негов најдоверлив советник. Историчарите ѝ признаваат дека го убедила Ахмед да го поштеди животот на неговиот помлад полубрат Мустафа, ставајќи крај на вековната практика на братоубиство во Отоманското Царство. Откако Ахмед починал во 1617 година, таа била важна во устоличувањето на Мустафа I. По вознесувањето на Осман II, таа накратко била протерана во Стариот дворец (Ески-сарај).

За време на нејзиниот мандат како регент на Мурад IV, Ибрахим и Мехмед IV, Ќосем собрала огромна озлогласеност и наклонетост меѓу нејзините поданици и имала неспоредлива политичка моќ во Отоманското Царство. Нејзините рани години како регент биле обележани со турбуленции и нестабилност, кои започнале кога Сафавидското Царство анектирало голем дел од Ирак и го зазел Багдад во 1624 година, вклучувајќи ги Османлиите во 16-годишен судир со Сафавидите што предизвикало серија бунтови, упади и движењата за независност низ Отоманското Царство. За време на ескалацијата на тензиите меѓу Отоманското Царство и Република Венеција во 1640-тите, таа и нејзините сојузници биле обвинети за притисок врз Ибрахим да изврши поморски напад на островот Крит, контролиран од Венеција. Таа морала да се бори со венецијанската блокада на Дарданелите, која кулминирала со поморската битка кај Фоки во 1649 година, како и со трговските востанија предизвикани од финансиската криза во годините што следеле. (Дознајте повеќе...)


Седмица 16, 14.4.2025 - 20.4.2025
Портрет на Фране Петриќ од неговото дело Philosophiae de rerum natura (Филозофија за природата на нештата)
Портрет на Фране Петриќ од неговото дело Philosophiae de rerum natura (Филозофија за природата на нештата)

Фране Петриќ (1529 – 1597) ― филозоф и научник од Република Венеција, со потекло од Црес. Тој бил познат како бранител на платонизмот и противник на аристотелизмот.

Петриќ првично ги посветил своите студии на Аристотеловата филозофија на Универзитетот во Падова, но се свртел кон платонизмот додека се уште бил студент. Тој станал остар, гласен противник на аристотелизмот, со кого опширно се борел во обемни списи. По долги години неуспешни напори да обезбеди материјален опстанок, тој конечно добил покана во 1577 година до дворот на династијата Есте во Војводството Ферара. На Универзитетот во Ферара, посебно за него била поставена катедра за платонска филозофија. Во годините што следеле, тој се здобил со углед на професор, но бил вклучен и во научни и книжевни контроверзии; тој се склонил кон полемика и за возврат бил насилно нападнат од противниците. Во 1592 година тој ја прифатил поканата за Рим, каде благодарение на папската наклонетост му била создадена нова функција. Последните години од неговиот живот биле вплеткани во сериозен судир со инквизицијата, која го забранило неговото главно дело, Nova de universis philosophia („Нова филозофија на универзумот“).

Како еден од последните ренесансни хуманисти, Петриќ се одликувал со широко образование, разновидна научна активност, силна волја за новитети и исклучителна книжевна плодност. Тој критички ги испитувал воспоставените, општо признати учења и предложувал алтернативи. Особено, тој сакал да ја замени преовладувачката Аристотеловска природна филозофија со свој модел. Тој се спротивставил на традиционалното гледиште за значењето на историските студии, кое обично било ограничено на морална инструкција, со неговиот концепт за широко, неутрално, научно историско истражување. Во поезијата тој ја истакнал важноста на вдахновението и се борел против конвенционалните правила, кои ги сметал за произволни, нестварни ограничувања на творечката слобода. (Дознајте повеќе...)


Седмица 15, 7.4.2025 - 13.4.2025
Слика од Марс со видлива песочна бура, направена од Вселенскиот телескоп Хабл на 28 октомври 2005 година
Слика од Марс со видлива песочна бура, направена од Вселенскиот телескоп Хабл на 28 октомври 2005 година

Атмосфера на Марс — слој од гасови што го опкружуваат Марс. Атмосферата првенствено е составена од јаглерод диоксид (95%), молекуларен азот (2,8%) и аргон (2%). Исто така, содржи траги на водена пареа, кислород, јаглерод моноксид, водород и благородни гасови. Атмосферата на Марс е многу потенка од онаа на Земјата. Просечниот површински притисок е само околу 610 паскали што е помалку од 1% од вредноста на Земјата. Моменталната тенка атмосфера на Марс го забранува постоењето на течна вода на површината на Марс, но многу проучувања сугерираат дека атмосферата на Марс била многу погуста во минатото. Поголемата густина во текот на пролетта и есента се намалува за 25% во текот на зимата кога јаглерод диоксидот делумно се замрзнува на половите. Највисоката атмосферска густина на Марс е еднаква на онаа што се наоѓа на 35 км. Атмосферата на Марс ја губи масата во вселената откако се формирала планетата, а истекувањето на гасови продолжува и денес.

Атмосферата на Марс е поладна од онаа на Земјата. Поради поголемото растојание од Сонцето, Марс добива помалку сончева енергија и има пониска делотворна температура, која е околу 210 K (−63 °C). Просечната температура на емисиите на површината на Марс е само 215 K (−58 °C), што е споредливо со внатрешноста на Антарктикот. Послабиот ефект на стаклена градина во атмосферата на Марс (5 °C, наспроти 33 °C на Земјата) може да се објасни со малото изобилство на други стакленички гасови. Дневниот опсег на температури во долниот дел на атмосферата е огромен поради ниската топлинска инерција; може да се движи од -75 °C до близу 0 °C во близина на површината во некои региони. Температурата на горниот дел од атмосферата на Марс е исто така значително пониска од онаа на Земјата поради отсуството на стратосферскиот озон и ефектот на радијативно ладење на јаглерод диоксид на повисоки надморски височини.

На Марс преовладуваат прашински виори и песочни бури, кои понекогаш се набљудуваат со телескопи од Земјата, а во 2018 година дури и со голо око како промена на бојата и осветленоста на планетата. Песочните бури што ја опкружуваат планетата (глобални песочни прашини) се случуваат во просек на секои 5,5 Земјини години (на секои 3 марсовски години) на Марс и може да ја загрозат работата на роверите на Марс. Сепак, механизмот одговорен за развојот на големите бури од прашина сè уште не е добро разбран. Се претпоставува дека е слабо поврзан со гравитациското влијание на двете месечини, нешто слично на создавањето на плимата и осеката на Земјата. (Дознајте повеќе...)


Седмица 14, 31.3.2025 - 6.4.2025
Реконструиран холотип на брахиосаурус во Филдовиот музеј
Реконструиран холотип на брахиосаурус во Филдовиот музеј

Брахиосаурусрод на сауроподски диносаурус кој живеел на територијата на Северна Америка за време на доцната јура, пред околу 154-153 милиони години. За прв пат бил опишан од страна на американскиот палеонтолог Елмер С. Ригс во 1903 година од фосили пронајдени во долината на реката Колорадо во западно Колорадо, САД. Ригс го нарекол диносаурусот Brachiosaurus altithorax; генеричкото име е грчки за „гуштерска рака“, во однос на неговите пропорционално долги раце, а специфичното име значи „длабоки гради“. Се проценува дека Брахиосаурусот бил помеѓу 18 и 21 метри долг; проценките на тежината се движат од 28,3 до 58 метрички тони (31,2 и 64 кратки тони). Поседувал непропорционално долг врат, мал череп и голема вкупна големина, сето тоа типично за сауроподите. Атипично, Брахиосаурусот имал подолги предни екстремитети отколку задните, што резултирало со стрмно наклонето торзо и пропорционално пократка опашка.

Брахиосаурусот е истоимен род од семејството Брахиосауриди, кој вклучува неколку други слични сауроподи. Најпопуларните претстави на Брахиосаурус се засноваат на Жирафатитан, род на диносаурус на од формацијата Тендагуру во Танзанија. Жирафатитанот првично бил опишан од германскиот палеонтолог Вернер Јаненш во 1914 година како вид на Брахиосаурус, B. brancai, но се преселил во својот род во 2009 година. Три други видови на Брахиосаурус се именувани врз основа на фосили пронајдени во Африка и Европа; два веќе не се сметаат за валидни, а третиот станал посебен род, Лусотитан.

Холотипот на B. altithorax е сè уште најкомплетниот примерок, а се смета дека само неколку други примероци припаѓаат на родот, што го прави еден од поретките сауроподи на формацијата Морисон. Се смета дека храната ја барал на високите места, веројатно исекувајќи или подрипнувајќи вегетација од 9 метри високо од земјата. За разлика од другите сауроподи, тој не бил погоден за одгледување на задните екстремитети. Користен бил како пример за диносаурус кој најверојатно бил ектотермичен поради неговата големина и соодветната потреба за храна, но поновите истражувања покажуваат дека бил топлокрвен. Меѓу најиконските и за кои првично се сметале дека се еден од најголемите диносауруси, Брахиосаурусот се појавил во популарната култура, особено во филмот „Паркот Јура“ од 1993 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 13, 24.3.2025 - 30.3.2025
Карта на ерменскиот геноцид во 1915 година — концентрациони логори, места на погубување и патишта за депортација
Карта на ерменскиот геноцид во 1915 година — концентрациони логори, места на погубување и патишта за депортација

Ерменски геноцид — систематско и континуирано етничко чистење, протерување и масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската империја за време на Првата светска војна, извршено по наредба на тогашните османлиски власти. Иако османлиските власти воделе континуирана политика на прогон и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија помеѓу 1894 година и 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случил во текот на 1915 година. Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската империја, а паралелно со прогонството врз Ерменците, османлиските власти прогонувале и други христијански народи, како што се Асирците и Понтиските Грци. Потомците на протераните Ерменци од Отоманската империја денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора која е распространета низ целиот свет.

Бруталниот прогон врз Ерменците и другите христијански народи во Отоманската империја започна кон крајот на 19 век за време на владеењето на султанот Абдул Хамид Втори, а кулминирал по Младотурската револуција во 1908 година и доаѓањето на Младотурците на власт во земјата. Како главни нарачатели и извршители на геноцидот врз Ерменците во текот на 1915 година се истакнатите членови на младотурската националистичка партија Мехмед-паша Талат, Енвер-паша Исмаил и Ахмед Џемал-паша, како и водачот на специјалната воена единица Тешкилат-и махсуса Бахаедин Шакир.

На 24 мај 1915 година, Обединетото Кралство, Франција и Русија го усвоиле текстот на заедничката декларација со која за прв пат во правната пракса тие директно ја обвиниле земјата за злосторство против човештвото извршено врз припадниците на ерменската заедница во тогашна Турција. Меѓународната асоцијација за проучување на злосторства на геноцид во јуни 1997 година ги прогласила масовните убиства и прогони на ерменското население во Турција за време на Првата светска војна за геноцид. (Дознајте повеќе...)


Седмица 12, 17.3.2025 - 23.3.2025
Просечно глобално покачување на морското ниво со текот на времето
Просечно глобално покачување на морското ниво со текот на времето

Покачување на морското ниво — појава при којашто доаѓа до покачување на морското ниво како последица на климатските промени. Помеѓу 1900 и 2017 година, просечното глобално ниво на морето се зголемило за 16-21 цм. Попрецизни податоци собрани од мерењата на сателитски радар откриваат забрзан пораст од 7,5 см од 1993 до 2017 година (во просек за 2,9 мм годишно). Ова забрзување се должи најмногу на климатските промени, кои вклучуваат загревање на океанот и топење на копнените ледени плочи и ледниците. Помеѓу 1993 и 2018 година, топлинското ширење на водата придонела за 42% за зголемување на нивото на морето; топење на умерените ледници, 21%; Гренланд, 15%; и Антарктикот, 8%.Климатолозите очекуваат стапката дополнително да се забрза во текот на 21 век, при што најновите мерења велат дека нивото на морето во моментов се зголемува за 3,6 мм годишно.

Проектирањето на идното ниво на морето е предизвик, поради сложеноста на многу аспекти на климатскиот систем и временските заостанувања во реакциите на нивото на морето на промените на температурата на Земјата. Бидејќи климатските истражувања во минатото и сегашното ниво на морето доведуваат до подобрени компјутерски модели, проекциите постојано се зголемуваат. Во 2007 година, Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) проектирал највисока проценка од 60 цм до 2099 година, но нивниот извештај од 2014 година ја зголемил највисоката проценка на околу 90 цм. Голем број подоцнежни студии заклучиле дека глобалното покачување на морското ниво од 200–270 цм овој век е „физички веродостојно“. Конзервативната проценка на долгорочните проекции е дека секој Целзиусов степен на пораст на температурата предизвикува пораст на нивото на морето за приближно 2,3 м во период од два милениуми (2.000 години): пример за климатска инерција. Во февруари 2021 година, еден труд објавен во Ocean Science сугерирал дека минатите проекции за глобалното покачување на нивото на морето до 2100 година, пријавени од IPCC, најверојатно се конзервативни и дека нивото на морето ќе се зголеми повеќе од претходно очекуваното. (Дознајте повеќе...)


Седмица 11, 10.3.2025 - 16.3.2025
Целосен сет на прстени, прикажан како Сатурн во затемнување со Сонцето, гледано од позицијата на вселенското летало Касини-Хајгенс на 15 септември 2006 година. (осветленоста е зголемена)
Целосен сет на прстени, прикажан како Сатурн во затемнување со Сонцето, гледано од позицијата на вселенското летало Касини-Хајгенс на 15 септември 2006 година. (осветленоста е зголемена)

Сатурнови Прстени — најобемниот прстенест систем од која било планета во Сончевиот Систем. Тие се состојат од безброј мали честички, со големина од микрометри до метри, кои орбитираат околу Сатурн. Честичките на прстенот се направени речиси целосно од воден мраз, со траги од карпест материјал. Сè уште нема консензус за нивниот механизам на формирање. Иако теоретските модели покажале дека прстените најверојатно се формирале рано во историјата на Сончевиот Систем, поновите податоци од Касини-Хајгенс сугерираат дека тие се формирале релативно подоцна.

Иако рефлексијата од прстените ја зголемува осветленоста на Сатурн, тие не се видливи од Земјата со непосредна визија. Во 1610 година, годината откако Галилео Галилеј го свртел телескопот кон небото, тој станал првиот човек што ги набљудувал прстените на Сатурн, иако не можел да ги види доволно добро за да ја препознае нивната вистинска природа. Во 1655 година, Кристијан Хајгенс бил првиот човек кој ги опишал како диск што го опкружува Сатурн. иако вистинските празнини се малку - поправилно е да се замислат прстените како прстенест диск со концентрични локални максими и минимум во густина и осветленост. На скалата на купчињата во прстените има многу празен простор.

Прстените имаат бројни празнини каде густината на честичките нагло опаѓа. Прстенестиот систем има многу поголеми и помали празнини, а пречникот од скоро милион километри. Во многу области е дебелина само неколку стотици метри, а со тоа, во релативна смисла, е исклучително тенок. Останатите празнини остануваат необјаснети. Од друга страна, стабилизирачките резонанци се одговорни за долговечноста на неколку прстени, како што се Титан и прстенот Г. (Дознајте повеќе...)


Седмица 10, 3.3.2025 - 9.3.2025
Развој на Фатимидскиот Калифат
Развој на Фатимидскиот Калифат

Фатимидски Калифат — исмаилски шиитски калифат кој постоел од десеттиот до дванаесеттиот век од нашата ера. Опфаќајќи голема површина на Северна Африка, се простирал од Атлантскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток. Фатимидите, династија со арапско потекло, го следат своето потекло до ќерката на Мухамед Фатима и нејзиниот сопруг, Али Талиб, првиот шиитски имам. Фатимидите биле признати како вистински имами од различни исмаилски заедници, како и од деноминациите во многу други муслимански земји и соседните региони. Потекнувајќи за време на Абасидскиот Калифат, Фатимидите ја освоиле Ифрикија и го основале градот ел-Махдија. Династијата Исмаили владеела со територии низ медитеранскиот брег на Африка и на крајот го направила Египет центар на калифатот. Во својот врв, калифатот вклучувал - покрај Египет - и различни области на Магреб, Судан, Сицилија, Левант и Хиџаз.

Помеѓу 902 и 909 година, основањето на државата на Фатимидите било реализирано под водство на Даи (мисионер) Абу Абдалах, чие освојување на аглабидска Ифрикија го отворил патот за воспоставување на калифатот. По освојувањето, Абдалах ал-Махди Билах бил извлечен од Сиџилмаса, а потоа прифатен како имам на движењето, станувајќи првиот калиф и основач на династијата во 909 година. Во 921 година, градот ел-Махдија бил основан како главен град. Во 948 година, тие го префрлиле својот главен град во ел-Мансурија, во близина на Керуан. Во 969 година, за време на владеењето на ел-Муиз, тие го освоиле Египет, а во 973 година калифатот бил преместен во новооснованиот главен град на Фатимидите Каиро. Египет станал политички, културен и религиозен центар на царството, кое развило нова и „автохтона арапска“ култура. По неговите првични освојувања, калифатот често дозволувал одреден степен на религиозна толеранција кон нешиитските секти на исламот, како и кон Евреите и христијаните. Сепак, нејзините водачи направиле мал напредок во убедувањето на египетското население да ги прифати неговите религиозни верувања. (Дознајте повеќе...)


Седмица 9, 24.2.2025 - 2.3.2025
Роберто Баџо во 2013 година
Роберто Баџо во 2013 година

Роберто Баџо (роден во 1967 година) — поранешен италијански професионален фудбалер кој главно играl како втор напаѓач или како офанзивен играч за врска, иако бил способен да игра на неколку офанзивни позиции. Тој е поранешен претседател на техничкиот сектор на Италијанската фудбалска федерација. Технички надарен креативен плејмејкер и специјалист за директни слободни удари, вештини за дриблинг и постигнување голови, Баџо нашироко се смета за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Во 1999 година, Баџо го освоил четвртото место според ФИФА играч на векот избран преку интернет анкета, и бил избран во Дрим тимот на Светските фудбалски првенства во 2002 година. Во 1993 година, тој бил прогласен за најдобар играч на годината од ФИФА и ја освоил Златната топка. Во 2004 година, тој бил именуван од Пеле во ФИФА 100, список на најголеми живи играчи во светот.

Баџо настапил за Италија на 56 натпревари, постигнувајќи 27 гола и е заеднички четврти најдобар стрелец за својата репрезентација, заедно со Алесандро Дел Пјеро. Тој учествувал во италијанскиот тим кој завршил на третото место на Светскиот куп на ФИФА 1990 година, постигнувајќи два голови. На Светското првенство во 1994 година, тој ја предводел Италија до финалето, постигнувајќи пет гола, ја добил Сребрената топка на Светското првенство и бил именуван во Ол-стар тимот на Светскиот куп. Иако бил главна ѕвезда за Италија на турнирот, тој го промашил одлучувачкиот пенал во пенал-серијата во финалето против Бразил. На Светското првенство 1998 година, тој постигнал два гола пред Италија да биде елиминирана од Франција во четврт-финалето. Баџо е единствениот Италијанец кој постигнал гол на три Светски првенства и со девет гола го држи рекордот за најмногу постигнати голови на светските турнири за Италија, заедно со Паоло Роси и Кристијан Виери. (Дознајте повеќе...)


Седмица 8, 17.2.2025 - 23.2.2025
Композитна сателитска снимка на Антарктикот (2002)
Композитна сателитска снимка на Антарктикот (2002)

Антарктик — најјужниот и најмалку населен континент на Земјата, кој го опкружува Земјиниот Јужен Пол. Антарктикот е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа и има површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз, со просечна дебелина од 1,9 километри.

Антарктикот е во просек најстудениот, најсувиот и најветровитиот од континентите и има најголема просечна надморска височина. Континентот главно претставува поларна пустина, со годишни врнежи од над 200 мм покрај брегот и многу помалку во внатрешноста. Околу 70% од светските резерви на слатка вода се замрзнати на Антарктикот, кои доколку се стопат ќе го подигнат глобалното ниво на морињата за речиси 60 метри. Антарктикот го држи рекордот за најниска измерена температура на Земјата, −89,2 °C. Крајбрежните региони можат да достигнат температури над 10 °C во лето. Домородните видови на животни вклучуваат грини, цевчести црви, пингвини, фоки и тардигради. Онаму каде што се јавува вегетација, таа е претежно во форма на лишаи или мов.

Ледените плочи на Антарктикот веројатно првпат биле видени во 1820 година, за време на руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Во следните децении следувале и дополнителни истражувања кои биле организирани преку француските, американските и британските експедиции. Првото потврдено пристигнување на континентот било потрдено од норвешки тим во 1895 година. Во почетокот на 20 век, имало неколку експедиции во внатрешноста на континентот. Британските истражувачи биле првите што стигнале до Јужниот магнетен пол во 1909 година, а географскиот Јужен Пол првпат бил достигнат во 1911 година од норвешките истражувачи. (Дознајте повеќе...)


Седмица 7, 10.2.2025 - 16.2.2025
Познати објекти во Кајперовиот Појас надвор од орбитата на Нептун. (скала во астрономски единици)
Познати објекти во Кајперовиот Појас надвор од орбитата на Нептун. (скала во астрономски единици)

Кајперов Појас — голем прстен од „отпад“ или околуѕвезден диск кој се наоѓа во надворешниот Сончевиот Систем, кој се протега од орбитата на Нептун на 30 астрономски единици (AU) до околу 50 ае од Сонцето. Тој е сличен на Астероидниот појас, но е далеку поголем - 20 пати поширок и 20–200 пати помасовен. Како и астероидниот појас, тој главно се состои од мали тела или остатоци од времето кога се формирал Сончевиот Систем. Додека многу астероиди се составени првенствено од карпи и метал, повеќето објекти на Кајперовиот Појас се составени главно од замрзнати испарливи материи (наречени „мразови“), како што се метан, амонијак и вода. Кајперовиот Појас е дом на три објекти идентификувани како џуџести планети од страна на Меѓународниот астрономски сојуз: Плутон, Хаумеја и Макемаке. Некои од месечините на Сончевиот Систем, како што се Тритон на Нептун и Феба на Сатурн, можеби потекнуваат од регионот.

Кајперовиот Појас го добил името по холандскиот астроном Џерард Кајпер, иако тој не го предвидел неговото постоење. Во 1992 година била откриена мала планета, наречена 15760 Албион, првиот објект на Кајперовиот Појас по Плутон и Харон. Од неговото откритие, бројот на познати објекти од Кајперовиот Појас (ОКП) се зголемил на над илјада, а повеќе од 100.000 со над 100 километри во пречник се смета дека постојат. Првично се сметало дека Кајперовиот Појас е главното складиште за периодични комети, оние со орбити кои траат помалку од 200 години. Проучувањата од средината на 1990-тите покажале дека појасот е динамички стабилен и дека вистинското место на потекло на кометите е расеаниот диск, динамички активна зона создадена од движењето на Нептун нанадвор пред 4,5 милијарди години; расеаните објекти како што е Ерида имаат екстремно ексцентрични орбити кои ги носат до 100 AU од Сонцето. (Дознајте повеќе...)


Седмица 6, 3.2.2025 - 9.2.2025
Статуа на Шри Кришна во храмот Шри Маријаман во Сингапур
Статуа на Шри Кришна во храмот Шри Маријаман во Сингапур

Кришна — најголемо божество во хиндуизмот. Тој се обожува како осмиот аватар на богот Вишну и исто така како врховен Бог сам по себе. Тој е бог на сочувство, нежност, љубов и е еден од најпопуларните и нашироко почитуван меѓу индиските божества. Роденденот на Кришна секоја година го слават хиндусите на Кришна Јанмаштами според месечево-сончевиот хиндуистички календар, кој паѓа кон крајот на август или почетокот на септември од грегоријанскиот календар. Кришна обично е прикажан со кавал во раката.

Анегдотите и наративите од животот на Кришна обично се насловени како Кришна Лела. Тој е централен лик во Махабахарата, Багаватам Пурана и Багавад Гита и се споменува во многу хинду филозофски, теолошки и митолошки текстови. Тие го прикажуваат од различни перспективи: бог-дете, шегобиец, божествен херој и како универзално врховно суштество. Неговата иконографија ги рефлектира овие легенди и го прикажува во различни фази од неговиот живот, како новороденче како јаде путер, младо момче што свири на кавал, младо момче со Рада или опкружено со приврзаници жени или пријателски кочијаш кој му дава совет на Арџуна (главниот протагонист во Махабхарата).

Синонимите за Кришна се пронајдени во литература од првиот милениум пред нашата ера. Во некои суб-традиции, Кришна се обожува како Свајам-Багаван, а ова понекогаш се нарекува и кришнаизам. Овие суб-традиции се појавиле во контекст на Бакти движењето од средновековната ера. Литературата поврзана со Кришна инспирирала бројни перформансни уметности како што се Баратанатијам, Катакали, Кучипуди, Одиси и Манипури танцот. Тој е пан-хиндуистички бог, но е особено почитуван на некои места како што се Вриндавана во Утар Прадеш, Дварка и Јунагад во Гуџарат; аспектот Јаганата во Одиша, Мајапур во Западен Бенгал; во форма на Витоба во Пандарпур, Махараштра, Натдвара во Раџастан; Удупи Кришна во Карнатака, Партасаратија во Тамил Наду и Гурувајоаропан во Гурувајур во Керала. Од 1960-тите години, обожавањето на Кришна се проширило и во западниот свет и во Африка, најмногу заради работата на Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ИСКОН). (Дознајте повеќе...)


Седмица 5, 27.1.2025 - 2.2.2025
World map showing the varying change to pH across different parts of different oceans
Проценета промена во pH на морската вода предизвикана од CO2 создаден од човекот помеѓу 1700-тите и 1990-тите, од Проектот за глобална анализа на податоци на океанот (GLODAP) и Светскиот океански атлас

Закиселување на океаните — тековно намалување на pH вредноста на океаните на Земјата, предизвикано од навлегувањето на јаглерод диоксид (CO
2
) од атмосферата. Главната причина за закиселување на океаните се човечките активности, имено согорувањето на фосилните горива. Како што се зголемува количината на јаглерод диоксид во атмосферата, се зголемува и количината на јаглерод диоксид што се апсорбира од океанот. Ова доведува до серија хемиски реакции во морската вода и има негативно прелевање на океанот и живите видови кои живеат под вода. Кога јаглерод диоксидот се раствора во морската вода, образува јаглеродна киселина (H2CO3).

Закиселувањето на океаните влијае на многу видови, особено на организмите како остриги и корали. Тоа е еден од неколкуте ефекти на климатските промени врз океаните. Морската вода е малку основна (што значи pH > 7), а закиселувањето на океаните вклучува поместување кон pH-неутрални услови наместо преод кон кисели услови (pH < 7). Загриженоста со закиселувањето на океаните е тоа што може да доведе до намалено производство на школки и други водни животни со школки од калциум карбонат, како и некои други физиолошки предизвици за морските организми. Организмите обложени со калциум карбонат не можат да се репродуцираат под високо заситени ацидотични води. Дел од него реагира со водата и образува јаглеродна киселина. Некои од добиените молекули на јаглеродна киселина се дисоцираат во бикарбонатен јон и водороден јон, со што се зголемува киселоста на океаните (концентрација на H+ јони). (Дознајте повеќе...)


Седмица 4, 20.1.2025 - 26.1.2025
Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто
Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто

Мамелучки Султанат — држава која владеела со Египет, Левант и Хиџаз (западна Арабија) од средината на 13. до почетокот на 16. век. Султанатот бил управуван од воена каста на мамлуци (војници робови) на чело со султанот, а абасидските калифи биле номинално суверени. Султанатот бил основан со соборувањето на Ајубидската династија во Египет во 1250 година а земјата престанала да постои по војната со Отоманското Царство во 1517 година. Историјата на Мамлуците генерално е поделена на турски или бахриски период (1250-1382) и черкески или бурџиски период (1382-1517), наречен по доминантната етничка припадност или корпус на владејачките Мамлуци во текот на овие соодветни периоди.

Првите владетели на султанатот потекнувале од мамелучките полкови на ајубидскиот султан ас-Салих Ајуб (вл. 1240–1249), узурпирајќи ја власта од неговиот наследник во 1250 година. Мамелуците под султанот Кутуз и Бајбарс ги поразиле Монголите во 1260 година, запирајќи го нивното ширење кон југ. Тие потоа ги освоиле или стекнале власт над сириските кнежевства на Ајубидите. До крајот на 13 век, преку напорите на султаните Бајбарс, Калавун (вл. 1279–1290) и ел-Ашраф Калил (вл. 1290–1293), ги освоиле државите на крстоносците, се прошириле во Макурија (Нубија), Киренаика, Хеџаз и јужна Анадолија. Тогаш султанатот доживеал долг период на стабилност и просперитет за време на третото владеење на ел-Насир Мухамед (владеел 1293–1294, 1299–1309, 1310–1341), пред да отстапи место на внатрешните судири што го карактеризираат наследувањето на неговите синови, кога вистинската власт ја држеле високи емири. (Дознајте повеќе...)


Седмица 3, 13.1.2025 - 19.1.2025
Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.
Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.

Супернова — моќна и светла експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.

Супернова се јавува за време на последните еволутивни ѕвездени развои на масивна ѕвезда, или кога бело џуџе е активирано во јадрено соединување. Оригиналниот објект, наречен предок, или колабира до неутронска ѕвезда или црна дупка, или е целосно уништен за да формира дифузна маглина. Врвната оптичка сјајност на супернова може да се спореди со онаа на цела галаксија пред да избледи во текот на неколку недели или месеци.

Последната супернова директно забележана на Млечниот Пат била Кеплеровата Супернова во 1604 година, која се појавила недолго по Тиховата Супернова во 1572 година. И двете биле видливи со голо око. Биле пронајдени остатоци од поновите супернови, а набљудувањата на суперновите во други галаксии сугерираат дека тие се случуваат во Млечниот Пат во просек околу три пати секој век. Супернова на Млечниот Пат речиси сигурно би можела да се набљудува преку современите астрономски телескопи. Најновата супернова со голо око била SN 1987A, која претставувала експлозија на сина суперџинова ѕвезда во Големиот Магеланов Облак, придружна галаксија на Млечниот Пат. (Дознајте повеќе...)


Седмица 2, 6.1.2025 - 12.1.2025
Молекула на азот субоксид
Молекула на азот субоксид

Азот субоксидхемиско соединение, азотен оксид со формула N2O. На собна температура, тој е безбоен незапалив гас и има малку сладок мирис и вкус. При покачени температури, азотниот оксид е моќен оксидатор сличен на молекуларниот кислород.

Азотниот оксид има значителна медицинска употреба, особено во хирургијата и стоматологијата, поради неговите анестетички својства и намалување на болката. Неговото колоквијално име „гас за смеење“, измислено од Хамфри Дејви, се должи на еуфоричните ефекти при неговото вдишување, својство што довело до негова рекреативна употреба како дисоцијативен анестетик. Се наоѓа на списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Исто така се користи како оксидатор во ракетни погони и во моторни трки за зголемување на моќноста на моторите.

Атмосферската концентрација на азотен оксид достигнала 333 делови на милијарда (ppb) во 2020 година, зголемувајќи се со стапка од околу 1 ppb годишно. Тој е главен чистач на стратосферскиот озон, со влијание споредливо со влијанието на хлорофлуоројаглеродот. Глобалната застапеност на N2O покажува дека околу 40% од просечните 17 TgN/година (тераграми или милиони метрички тони азот годишно) емисии потекнуваат од човековата активност и покажува дека растот на емисиите главно доаѓа од проширувањето на земјоделството и индустриските извори во економиите во развој. Како трет најважен долготраен стакленички гас, азотен оксид, исто така, значително придонесува за глобалното затоплување. (Дознајте повеќе...)


Седмица 1, 30.12.2024 - 5.1.2025
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Фатимидски Калифат  • Роберто Баџо  • Антарктик  • Кајперов Појас  • Кришна  • Сатурнови Прстени  • Покачување на морското ниво  • Ерменски геноцид  • Брахиосаурус  • Атмосфера на Марс  • Ќосем (султана)  • Фране Петриќ  • Стегосаурус  • Проширен периоден систем  • Ија (месечина)  • Сауроподи  • Гама-изблик  • Исламизација на Албанија
Азот субоксид  • Супернова  • Мамелучки Султанат  • Закиселување на океаните
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya