Википедија:Избрана статија/2025/18

Скелет од S. stenops („Софи“), Музеј на природна историја, Лондон
Скелет од S. stenops („Софи“), Музеј на природна историја, Лондон

Стегосаурус — род на тревојадно тиреофорски диносаурус. Фосилите од овој род потекнуваат од доцниот период на Јура, каде што се наоѓаат во кимериџанските до раните титонски слоеви на возраст меѓу 155 и 150 милиони години, во западниот дел на САД и Португалија. Од видовите кои биле класифицирани во горната формација Морисон на западниот дел на САД, само три се универзално признати; S. stenops, S. ungulatus и S. sulcatus. Пронајдени се остатоци од над 80 поединечни животни од овој род. Стегосаурусот живеел покрај диносаурусите како Апатосаурус, Диплодокус, Брахиосаурус, Алосаурус и Цератосаурус; последните два можеби го напаѓале.

Стегосаурусите биле големи, силно изградени, тревојадни четириножни животни со заоблени грбови, кратки предни екстремитети, долги задни екстремитети и опашки држени високо во воздухот. Поради нивната карактеристична комбинација на широки, исправени плочи и опашка со шило (тагомизер), Стегосаурусот е еден од најпрепознатливите видови диносауруси. Функциите на овие низи од плочи и шила е предмет на многу шпекулации меѓу научниците. Денес, општо е согласно дека нивните шилести опашки најверојатно се користеле за одбрана од грабливци, додека нивните плочи можеби се користеле првенствено за прикажување, а секундарно за терморегулаторни функции. Стегосаурусот имал релативно низок однос на мозокот со телото. Имал краток врат и мала глава, што значи дека најверојатно јадел грмушки. Еден вид, Stegosaurus ungulatus, е најголемиот познат од сите стегосауруси (поголем од сродните диносауруси како што се Кентросаурус и Хуајангосаурус). (Дознајте повеќе...)

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya