Википедија:Избрана статија/2025/19

Првиот предложен облик од Андреј Кулша
Првиот предложен облик од Андреј Кулша

Проширен периоден систем — теоретизиција за хемиски елементи кои не се дел од познатите и докажани елементи. Елементот со највисок познат атомски број е оганесон (Z = 118), со што се комплетира седмата периода (ред) во периодниот систем. Сите елементи во осмата периода и по нив остануваат чисто хипотетички односно неоткриени.

Елементите надвор од 118 ќе бидат поставени во дополнителни периоди кога ќе бидат откриени, поставени (како и со постојните периоди) за да се насликаат периодично повторливи трендови во својствата на елементите. Сите дополнителни периоди се очекува да содржат повеќе елементи од седмата периода, бидејќи се пресметува дека имаат дополнителен таканаречен g-блок, кој содржи најмалку 18 елементи со делумно пополнети g- орбитали во секој период. Табела од осум периоди што го содржи овој блок била предложена од Глен Т. Сиборг во 1969 година. Првиот елемент од g-блокот може да има атомски број 121, и затоа би го имал систематското име унбиуниум. И покрај многуте пребарувања, ниту еден елемент во овој регион не е синтетизиран или откриен во природата.

Според орбиталното приближување во квантните механички описи на атомската структура, g-блокот би одговарал на елементи со делумно исполнети g-орбитали, но ефектите на спојување спин-орбита значително ја намалуваат валидноста на орбиталното приближување за елементи со висок атомски број. Верзијата на Сиборг за продолжениот период имала потешки елементи по моделот поставен од полесни елементи, бидејќи не ги земала предвид релативистичките ефекти. Моделите кои ги земаат предвид релативистичките ефекти предвидуваат дека моделот ќе биде несовршен. Пека Пијке и Буркхард Фрике употребувале компјутерско моделирање за да ги пресметаат местоположбите на елементите до Z = 172 и откриле дека неколку се поместени од Маделунговото правило. Како резултат на несигурноста и варијабилноста во предвидувањата на хемиските и физичките својства на елементите над 120, моментално не постои спогодба за нивното сместување во продолжениот периоден систем. (Дознајте повеќе...)

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya