Википедија:Избрана статија/2025/23![]() Исламизација на Албанија — процес на прифаќање на исламот од страна на населението во Албанија којшто се случил како резултат на османлиското освојување на земјата во доцниот XIV век. Османлиите преку својата администрација и војска го донеле исламот во Албанија преку разни политики и даночни олеснувања, трговски мрежи и транснационални верски врски. Во првите неколку векови на османлиското владеење, ширењето на исламот во Албанија било бавно и главно се интензивирало во текот на XVII и XVIII век, делумно поради поголемата османлиска општествена и воена интеграција, гео-политички фактори и колапс на црковните структури. Тоа бил еден од најзначајните случувања во албанската историја бидејќи Албанците во Албанија преминале од претежно христијанско (католичко и православно) население во население кое е главно муслиманско (сунити, бекташки и некои други секти), притоа задржувајќи ги значајните етнички христијански малцинства во одредени региони. Во текот на XVI и XVIII век, христијанските Албанци исто така биле присилно преобратени во ислам преку грубо насилство, малтретирање и зголемени даноци од Османлиите. Овој третман ги предизвикало албанските бунтови од 1433-1439, 1452, 1480-81, 1506-07, 1519-20, 1594, 1601-02, 1621, 1614, 1618, 1683-84, 1737, 1833-39, 1844 и 1850. Иако Албанците одржувале криптохристијанска култура, позната како „Ларамани“, оние кои се обиделе да се вратат на христијанството, охрабрени од папата Климент XI, се соочиле со смртна казна според отоманскиот закон. На крајот, Албанците ги надминале другите балкански групи во османлиската владејачка класа и добиле преовладувачка позиција и влијание, и покрај тоа што биле малку на број. (Дознајте повеќе...) |
Portal di Ensiklopedia Dunia